ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Стојановски: ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи измените и дополнувањето на Законот за ДДВ поднесен од СДСМ

November 4, 2024 14:51
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, поднесен од пратениците на СДСМ, со кој, според предлагачот, ќе значат месечна заштеда за граѓаните од 1.200 до 2.000 денари.

– Ние како пратеничка група нема да поддржиме едно вакво законско решение, бидејќи продолжува дневно политичко препукување со економски теми од истите луѓе коишто ја донесоа Македонија во ваква девастирана економска состојба, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски.

Тој потсети дека претходната Влада четирипати одбила такво законско решение.

– Да ја потсетам јавноста, го покачија ДДВ на над 2000 прехранбени производи од 5 на 10 отсто и ни делеа нутриционистички совети дека голем дел од таа прехрана не била здрава, па затоа се покачува данокот. Дополнително, кажа една лага. Апсолутно нема врска со вистината дека потрошувачката кошничка се намалила само за 57 денари. Да ги слушаа синдикатите и да имаа посериозна комуникација со нив, ќе знаеја дека тоа не е вистина, бидејќи цената за храната за 30 дена се намали за 965 денари. Манипулацијата со цената на минималната синдикална кошничка ја прави Венко Филипче, искористувајќи го покачувањето на цената на облеката, којашто воопшто не е во иста кореспонденција за она што нам ни е укажано, рече Стојановски.

Според него, ваквите законски решенија не придонесуваат за зголемување на квалитетот на живот на граѓаните, туку за креирање на дневно политички теми, преку законски решенија полни со технички грешки, коишто потоа се поправаат на наредните прес-конференции, проследени со извинување.

– Веројатно сè уште неосвестениот богаташ од Дубаи, предложува законско решение коешто исто како и претходно предложеното, со низа на грешки. Прво, со промашен процент за минималната плата, едноставно, како што беше напишан не можеше да влезе во собраниска процедура. Сега поднесува законско решение, со коешто, замислете, ќе се намалувало ДДВ на храната, вели Стојановски.

Тој информираше дека Законот за нефер трговски практики веќе е влезен во сила.

– Неделава очекувам да биде комплетиран составот Комисијата за заштита од конкуренција и веднаш да започне со работа, контролирајќи ги договорите коишто се склучени во согласност со тој закон, истакна Стојановски.

СДСМ поднесе закон за намалување на цени, до 2.000 денари ќе се штеди месечно на храна, рече Филипче

Во насока на ублажување на ударот по стандардот на граѓаните и реално намалување на трошоците од месечната потрошувачка кошничка, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска во Собранието поднесе Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, соопштуваат од СДСМ.

Предлог-законот го претстави претседателот на СДСМ, Венко Филипче според кого, измените ќе значат месечна заштеда за граѓаните од 1.200 до 2.000 денари.

„Во Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се предвидува укинување на ДДВ-то за прехранбените производи, односно од 5% на нула проценти ДДВ, за сите основни производи за исхрана. Во предлогот се опфатени над 250 категории производи кои ќе бидат со нула проценти ДДВ“, истакна Филипче на денешната прес-конференција што се одржа во Собранието.

Имајќи предвид дека учеството на храната и пијалакот во потрошувачката кошничка изнесува 23.000 денари, според Филипче, ефектите од намалувањето на ДДВ-то на нула проценти ќе донесе заштеда за граѓаните до 2 илјади денари месечно.

„Она што е најважно е дека за спроведувањето на предлог-законот не е потребно обезбедување на финансиски средства и оваа мерка нема да може да биде изиграна од трговците како што тоа се случи со мерките на Владата на Христијан Мицкоски“, рече Филипче.

СДСМ преку консултации со експерти и бизнис секторот разви мерки кои го штитат стандардот на граѓаните без да ги оптоваруваат компаниите и како опозиција и понатаму остануваме посветени на заштита на нивните интереси, додаде Филипче

Тој ги повика сите пратеници, без разлика на политичката идеологија, да го поддржат законот, но упати и критика до владините политики кои ги оставија граѓаните со сè помали буџети за кои основните прехранбени производи станаа луксуз, а мерките за нивно поевтинување се сведоа на празни налепници и неефикасна ПР кампања.

„По еден месец, владината мерка за наводно поевтини основни прехранбени производи, се покажа како целосно неефикасна. Потрошувачката кошничка се намали само за 57 денари додека истовремено платите паѓаат. Реалноста е дека голем дел од цените не се намалија, некои се намалија минимално, а за некои производи цените дури и се зголемија“, потенцира Филипче.

Претседателот на СДСМ потсети на ефективните економски модели што ги спроведуваше Владата на СДСМ, кои со само една мерка овозможија поевтинување на над 500 производи, или пет пати повеќе од сегашните резултати.

Поврзано: 

СДСМ поднесе закон за намалување на цени, до 2.000 денари ќе се штеди месечно на храна, вели Филипче

 

 

Next Post

Тошковски: МВР ќе проверува 500 функционери за потенцијални прекршоци

НАЈНОВО

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
Скриншот

Голем пожар го зафати небодерот на „Вјесник“ во Загреб

November 18, 2025

Претставата „Ехо на заборавот” на театарот „Чекори“, в сабота во Мака бар

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со д-р Благица Петрески: Буџетот за 2026 година е изграден врз нереално високи проекции на приходи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk