Претседателот на Собранието, Африм Гаши упати честитки до Доналд Трамп за неговата победа на изборите за претседател на Соединетите Американски Држави.
Во честитката објавена на неговиот Фејсбук профил, Гаши потенцира дека овој значаен момент ја одразува силата на американската демократија.
-Северна Македонија била и ќе остане силен сојузник на развојните и стабилизациските политики на Соединетите Држави. Непоколебливата посветеност на САД за безбедноста, просперитетот и евроатлантската интеграција на Северна Македонија беше и останува еден од клучните столбови на нашата надворешна политика и постојан извор на поддршка, напиша спикерот.
Посакувајќи му успех во водењето на земјата и во реализацијата на неговата агенда за иднината, како што напиша Гаши во честитката, ја изразуваме нашата целосна подготвеност за продлабочување на соработката со новата американска администрација, за зајакнување на нашето стратешко партнерство.