Премиерот на Индија, Нарендра Моди изјави дека очекува поцврсти односи помеѓу Вашингтон и Њу Делхи и упати „најсрдечни честитки“ до Доналд Трамп за неговиот избор за претседател на САД.
Најсрдечни честитки мој пријателе за твојата историска изборна победа, напиша Моди на социјалната мрежа Икс непосредно пред да биде потврдена победата на Трамп.
Тој истакна дека со нетрпение очекува да се обнови и зајакне глобалното и стратешкото партнерство помеѓу Индија и САД.
Да работиме заедно за доброто на нашите народи и да промовираме глобален мир, стабилност и просперитет, наведе Моди.