ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Новите околности

November 10, 2024 20:17
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: АНА ЧУПЕСКА

Новите околности се со многу предизвици. А, тие и такви предизвиците, пак, треба да се прифатат во целината на своите феноменолошки, онтолошки и епистемолошки аспекти.

Не, да се урла по нив.

Не, со морално згрозување.

Не,  од позиција на морална супериорност.

Ништо од тоа не е апликативно во денешните околности. Тие изискуваат радикално престројување на вредностите, но,  и радикално восприемање на стварноста.

Без патетика,  и со комбинирање на разумот и страста.

„Новите околности”, може да кажеме, дека и не се баш посебно нови. Историјата познава многу контексти слични на актуелните ( социо-политички кризи, на пр.). И токму тука може да се опредмети нашата предност. Поточно, предноста на прогресот.

Колку и да звучи неверојатно.

Ова сепак е така.

Предноста на прогресот, имено, се ситуира во предвидливоста за крајната дестинација на авторитаризмот.

На пр. ако се присетиме на социјалните и економските дисхармонии типични за предвечерието на фашизмот; или; сталинизмот, многу лесно може да извлечеме паралели кои се адекватни и за нашите сегашни состојби. И од тие епизоди на антихуманизам имаме многу научено. Значи, состојбите се слични, но, СЕПАК, има тука една големата и важна разликата. Од тогаш до денес , прогресот се стекна, ако ништо друго, со значаен капацитет за предвидување на дејствијата кои ги прави црната интернационала  преку авторитарните алијанси кои оперираат низ светот.

Просто кажано, денес можеме да знаеме што може да очекуваме од нив.

За разлика од претходно.

А тоа не е мала разлика.

Денес знаеме што ни претстои, и во тоа се состои нашата предност.

Или, нивната предвидливост е нашата предност. Затоа, оваа прогресивна и цивилизациска придобивка, мора да се искористи во отпорот против налетот на илибералниот бран.

Мислам дека, од перспектива на политичка сврсиходност повеќе и не е важно дали и како се случува тоа што се случува,

туку,

како да се запрат предвиливите недемократски политички пракси кои се и ќе бидат во пораст.

Впрочем, имаме искуство, и субстантивно знаење ( knowledge ) за се она што цивилизацијата, особено, она што европската културата го има проживеано како историско – политички регрес. И како демократски регрес, следствено.

Овие сознанија ќе мора да се употребат во корист на оневозможување и пресретнување на идејата за целосна окупација на хуманата свест. Оти, ноторен факт е дека низ светот постојат сеуште прогресивни енклави, кои, не поверува во големата измама и первертираната демократска апликација. А овој факт (потврден на изборните процеси наоколу и подалеку); ни дава за право да веруваме дури и дека е можна и инверзија.

Простете, легитимитетот, вистина може да биде дискутабилен од аспект на оправдана поддршка на авторитарните политики, оти тој по сите квантитативни параметри е содржан сепак, во мали разлики на изборните победи на авторитаризмите. Но, разликите не се толку големи во смисла на апсолутна масовност/гласање. Туку, станува збор за разлики во процентите на поддршка кои се на ниво на феноменолошка демократска експозиција. Ова од една многу проста причина, а тоа е дека сите демократии страдаат од извесен електорален дефект, кој дава симулакрум на полн легитимитет. Затоа не можеме и не смееме да ги третираме авторитарните појавности како апсолутна легитимација или апсолутна поддршка, туку само како една природна и феноменолошка перверзија на самата демократија, во време на криза. Со која, конечно, може да се справиме.

Важно е овде, дека Прогресот , останува жив, но и единствениот субјект за субстантивен демократски  преврат.

На таа линија, поточно е да кажеме дека последнава година, имаме низа на легални изборни резултати, но, со авторитарни последици. И спротивно, погрешно е да тврдиме дека илиберализмот добил апсолутна поддршка.

Резимирано, во новите околности во кои сведочиме и ќе сведочиме понатамошно растење на авторитаризмите и нивно екипирање и освојување долж меридијаните, особено во Европа, сепак имаме неколку клучни предности.

Прво, нивното однесување е предвидливо.

Второ, подршката за овие политики не е толку голема како што се чини, затоа што поддршката е повеќе легална одошто легитимна.

Трето, сè уште постои прогресивен свет.

Конечно, од оваа позиција на предност, најважното прашање не е како дојдовме до тука, туку што може да се направи да се смали предвидливото демократско назадување.


Текстот е личен став на Авторката. Преземено од Либертас
Next Post

Ревија на олдтајмери се одржа во Тетово, најстар беше „Фиат“ од 1932 година

Најново

Филипче за унгарскиот кредит: Кој ги зел провизиите е клучното прашање?

May 6, 2026
Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис за 6 мај 2026: Ден за стабилизација и цврсти одлуки

May 6, 2026

Месечен хороскоп со Анаис за мај 2026 – Трансформации и нови почетоци

May 6, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk