Фудбалската репрезентација на Македонската ја извојува четвртата победа по ред во групата во Лигата на Нации, и го обезбеди првото место во групата, и пласман во Б сегментот.
Во Скопје совладана беше Летонија со 1:0 со голот на Серафимов во 57 минута.
Голманот Столе Димитриевски забележа четврти натпревар без примен гол.
Македонија има 13 бода, Фарски Острови имаат шест, а Ерменија и Летонија по четири.
Во последниот натпревар од групата, Македонија ќе се соочи со Фарски Острови, в недела на 17 ноември, исто така во Скопје. Дуелот почнува од 15 часот.