ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Македонците се романтични јунаци кои мислат дека од ракот ќе се излечат пиејќи сокови од вмро-дпмне

November 16, 2024 12:59
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРИЧКОВСКИ, ФРОНТ

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Македонците се романтични јунаци кои мислат дека од ракот ќе се излечат пиејќи сокови од вмро-дпмне.

Малина со сода-вода!

Како некогаш.

Тие ја одбиваат одговорноста за болеста, дури и на морално ниво, поврзано со прекумерната употреба на национален, политички и културолошки алкохол, цигари и дроги.

Не признаваат дека Македонија е тело кое е симптом на нивните ментални барања.

Тело кое закономерно се грчи и страда како последица на нивната природа, на нивниот карактер и култура, на нивната историја, а најмногу на нивната лага за себе и за светот.

На нивната поза.

Кога нешто од таа закономерност ќе им светне пред очите, тогаш тие барања ги проектираат на некакви предавници или други злобни суштества, правилно распоредени по околината и низ целиот свет. Таква би била анамнезата на Фројд и на Сузан Сонтаг, да речеме.

Не сакаат да чујат за болка при лечењето. Болката е за предавниците.

Болните тука се претвораат во доктори, сеедно дали се во владата, во собраниските клупи, на факултетите или по кафулињата и кафеаните.

Не само болните туку самата болест се претвора во исцелител.

Кој и лечењето на предавниците не го смета за многу болна операција оти мисли дека ќе оди заедно со ликвидацијата на „народните непријатели“ и „велепредавници“.

Колку може да боли смртта!?

Хахаха!

Најголемиот човеков непријател е вулгарноста на човечкото срце и на човечката имагинација, велеше Бродски.

Не тоталитарните и авторитарни системи сами по себе.

Македонците од генерацијата која настрада во вморонската пандемија се многу убедлив доказ за оваа дефиниција.

Ќе ги излечел Орбан со кинеските пари, со новиот оператор за прислушкување, со антиевропските, проруските или европскептичните, општо земено евтини и глупантропски медиуми, со асоцијации кои им помогнаа да го развијат ракот, а ги бранат од политичките муви, оси и други инсекти, Мицко кој има „лизинг план за ЕУ“, замислете, министерка, која има план од децата да прави вморонски бројлери, а од родовата еднаквост страшило за лозјето на патријархалната традиција како важен извор на болеста за која тука пишуваме, на претседателката која има бледа свест за својата неадекватност, како зелена жаба на свечената маса за ручек, која потскокнува, мислејќи дека во профил ќе изгледа како Кејт Бекинсејл, началници и директори кои во бескрајни колони носат на грбовите во своите дупки пари, кондури и одела, како мравките што носат ситни зрна храна за преку зимата+ пензиите, повеќе како тема отколку како како пари…

Мислам дека луѓето сфатија дека таа романтична приказна е тешка измама и сега срамот од сопствената наивност и инфантилност ги брка во резигнација и во удобноста на ставот „нека биде што мора да биде“.

Што е глупаво и неодговорно кон болеста затоа што тој став ќе ги убие, во тоа не треба да имаат ниту грам сомневање.

Да завршиме: ако Македонија сака да се спаси, Македонците мора да поминат низ многу болна терапија. Ги издвојувам Македонците од другите луѓе затоа што Македонците се најболни, плус нивната болест има опасни национални специфики кои бараат лекови кои се неприменливи за другите.

Во таа смисла јас се залагам за радикализирање на свеста за себе и на конфликтот кој не можеме да го водиме како во здрав организам. Со амандмани и пристојности. Како што го водиме сега. Кога комплетната политичка структура одбива да се соочи со вистината.

„Кога си здрав генијалното преправање мора да се одржува, во болеста тоа преправање мора да престане“.

Овој став на Вирџинија Вулф би требало да се сфати како благородно предупредување за Македонците и нивните политички репрезенти, кои сѐ уште се преправаат и внимаваат на својата и националната маска, а не на болеста.

Задачата на национално одговорни субјекти е да ја подготват нацијата за болка, а не за поголеми плати и пензии во услови на фрапантна неспособност (на општо ниво) да се произведе нова вредност.

Вулф викаше дека „болеста е тогаш кога полицијата не е на должност“.

Мислеше на внатрешната ментална полиција која внимава Македонецот да остане горд, храбар, слободољубив, солидарен, гостољубив, историски втемелен уште пред шест илјади години, а јазички пред единаесет и повеќе векови, скроз различен од Бугарите.

Хахаха!

Но, суперегото на Македонецот сѐ уште е на должност и помага болеста да метастазира.

Ќе завршам со Вирџинија:

„Во здравјето, нашата интелигенција доминира со нашите чувства…“

Да, Вирџинија, но ако интелигенција нема, чувствата можат, и најчесто нѐ носат, во опасни предели, а кога болеста ќе се јави произведуваат романтични шеми за сокови од малина, без конзерванси, шеќер и вода, против терминален рак на мозокот.


Специјално за Првата линија. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.
Next Post

(ВИДЕО) Кузеска: Спорно именувањето на Трпковска во АЕК, власта да ја повлече одлуката, а ДКСК да отвори предмет по допрен глас

НАЈНОВО

Man beating up his wife illustrating domestic violence

ДЗР: Системот за заштита на жените жртви на насилство е недоволно ефикасен

August 21, 2025

КОНКУРС за годишна награда „Илија Жупаноски“ за новинари, граѓански организации и поединци кои придонесуваат во справувањето со дезинформациите во земјата

August 21, 2025
Фото: МИА

Првата награда „Златен стрип“ за Марко Стојановиќ, Милорад Вицановиќ Маза и Аљоша Томиќ од Србија

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk