ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Достапни нови шест милиони евра за бескаматни кредити за компаниите

Подготвуваме сценарија за најлошото, а се надеваме и работиме за најдоброто. Вчера најавивме дека на компаниите им се веднаш достапни шест милиони евра за бескаматни кредити преку Македонската банка за обнова и развој, а од денеска ќе им бидат достапни уште шест милиони евра, рече Ангеловска на денешната прес-конференција пред Министерството за економија.

March 19, 2020 12:36
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Нови шест милиони евра од денеска им се достапни на компаниите за бескаматни кредити за надминување на состојбата предизвикана од корона вирусот и заштита на ликвидноста и работните места, а како интервентен сет на мерки на стопанството наскоро ќе му бидат достапни околу 100 милиони евра за таа намена, најави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.

-Подготвуваме сценарија за најлошото, а се надеваме и работиме за најдоброто. Вчера најавивме дека на компаниите им се веднаш достапни шест милиони евра за бескаматни кредити преку Македонската банка за обнова и развој, а од денеска ќе им бидат достапни уште шест милиони евра, рече Ангеловска на денешната прес-конференција пред Министерството за економија.

Таа најви дека се во преговори со Европската инвестициска банка за дополнителни 50 милиони евра што ќе им бидат достапни на компаниите за бескаматни керити за санирање на состојбите од корона вирусот и заштита на ливидноста и работните места.

Преку мерката ослободување од плаќање на аконтации од данокот на добивка за сите погодени компани, како што рече, во наредните три месеца ќе се осоободат околу 10 милиони евра,  со субвенционирањето на 50 отсто од придонесите околу 20 милиони евра, преку бескаматните кредити ќе им се достапни уште 60-тина милиони евра.

-Нашата задача како Влада е да им помогнеме на компаниите да го премостат овој проблем. Ако ги собереме бројките зборувам за околу 100 милиони евра, а дали уште ќе бидат ставени и дали ќе се воведат дополнителни мерки – да отоко ќе процениме кои се тие што ќе дадат максимум со оптималните можности кои ќе го одржат ликвиден Буџетот. Преку Буџетот не можеме да ги исплатиме платите за три месеца на целото стопанство ида му ги затвориме долговите, а тоа не може да го направи никоја земја. Нашата задача е да направиме се што можеме. Правиме анализи и сценарија на дневна база бидејќи постојано се менуваат условите. Толку е непозната траекторијата што ни ММФ не излегол со квантицифирана бројка колку ќе бидат штетите. Затоа ние побаравме помош за да се проценат не само краткорочните туку и долгорочните ефекти, посочи Ангеловска и додаде дека се во постојан контакт со коморите за изработка на нови мерки за стопанството.

Најави дека се прават и напори за осолобдување на граѓаните од ратите за кредити за наредните три месеци.

-Комитетот за финансиска стабилност денеска има состанок на кој ќе се разговара  со комерцијалните банки за носење на одлуката за одлагање на плаќањето на ратите за кредитите и за граѓаните и за погодените компании. Треба да најдеме начин кога граѓаните ќе почнат да ги плаќаат ратите да не биде тоа преку нарушување на финансиската стабилност, потенцира Ангеловска.

Next Post

Пауновски: Сите цени кои беа покачени по 11 март, ќе бидат вратени

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk