Денеска се навршуваат 1000 денови од почетокот на руската брутална воена агресија со целосни размери.
„1000 дена истрајност. 1000 дена единство. 1000 дена хероизам и храброст без преседан. 1000 дена кога со срце чувствуваме #ЗоштоСеБориме.
1000 дена заштита на животите и домовите за време на целосната фаза на руската инвазија. Повеќе од 10 години војна на Русија против Украина, нејзиниот народ, нејзиниот суверенитет, нејзината слобода и самото право на постоење“, објави Амбасадата на Украина денеска.
Насекаде во светот се истакнуваат знамиња на Украина, политичарите, јавните личности и опинион мејкерите ја изразуваат својата поддршка, а медиумите посветуваат значаен простор за да ја потсетат јавноста на бруталната војна што ја започна рускиот агресор и херојскиот отпор што го пружаат Украинците и Украинките.
„Како нација, преживеавме многу тешки денови. Но, поважно од бројот на изминати денови е бројот на деновите што остануваат до нашата победа: победата на вистината, светлината, правдата и мирот.
Овие 1000 дена ни дадоа клучна лекција: без разлика што нè чека во иднина, ќе истраеме, ќе го победиме непријателот и, на крајот, ќе триумфираме.
Денес го повикуваме целиот свет да #StandWithUkraine секој следен ден. Заедно мора да го приближиме денот на победата“, пишува во објавата на Амбасадата на Украина.
Преземено: Цивил Медиа