ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во САД станува популарна промената на бојата на очите, процедурата чини 12.000 долари

November 19, 2024 10:20
in ДЕНЕС, МАГАЗИН

Во САД станува популарна ласерската процедура кератопигментација, или промена на бојата на очите, која досега се користела само за лекување или козметички цели при болести и повреди. Многу офталмолози предупредуваат дека промената на бојата на очите е ризик по што тие може да станат проеосетливи на светлина или да се придизвка намален вид па и слепило.

Кератопигментацијата уште е позната и како тетовирање на очите.

Некои луѓе кои ја избираат оваа процедура велат дека сакаат да изгледаат подобро и да се чувствуваат посамоуверено. Други тоа го направиле за да личат повеќе на членови од своето семејство. Еден млад човек ја променил бојата на едното кафеаво око во сина за да ја имитира бојата на очите на својот сакан сибирски хаски.

Во Њујорк, промена на бојата на очите прави рускиот офталмолог д-р Александар Мовшович кој корист ласер за тоа. Со оваа софистицирана технологија се прават тунели во форма на прстен во рожниците на пациентите. Рожница е проѕирниот надворешен слој на окото. Потоа хирургот употребува инструмент за да ги прошири тунелите пред да ги наполни со боја. Процедурата е позната како кератопигментација или тетовирање на рожницата, трае од половина до еден час. Ефектите се веднаш видливи.

-Јас го гледам ова како подобрување, изјави Џејсон Хименез, агент за недвижности од Њу Џерси, кој бојата на своите очи ја променил од кафеава во светло сива. „Луѓето ги средуваат забите, ставаат импланти и ботокс. Ако тоа е нешто што може да ве направи посреќни, да изгледате подобро – тогаш зошто да не?“

Мовшович е еден од ретките лекари во САД што ја нудат оваа процедура. Разговорливиот офталмолог, кој емигрирал од Русија, е првиот доктор во САД што нуди кератопигментацијата од немедицински чисто естетски причини. Мовшович ја отворил својата клиника „Керато“ во центарот на Менхетен во 2019 година.

-Луѓето велеа дека сум луд. Но во Русија велат, ако не си храбар, нема да пиеш шампањско, изјави тој за „Волстрит журнал“.

Во првата година извршил процедура на кератопигментација на околу 15 пациенти. Оваа година, вели дека е на пат да изврши третман на околу 400 луѓе. За една операција наплатува 12.000 долари, што не е покриено со осигурување.

Кератопигментацијата има долга историја. Гален, грчки лекар што живеел пред околу 2.000 години, ги третирал луѓето со заматени рожници така што ја горел површината на нивните очи, а потоа нанесувал различни пигменти, вклучувајќи толчена кора од калинка.

Докторите сè уште ја користат кератопигментацијата за лекување на луѓе со болни или повредени очи. На пациентите со заматени рожници предизвикано од инфекции или трауми таа може да им даде појава на ирис, обоениот дел на окото. Исто така, може да помогне во намалувањето на ослепувачкото блескање предизвикано од оштетување на ирисот или рожницата, според д-р Роберто Пинеда, офталмолог во „Massachusetts Eye and Ear“, кој извршувал медицинска кератопигментација речиси 30 години.

Во 2010-тите години, докторите во Европа почнале да експериментираат со процедурата од козметички причини. Многу специјалисти за очи велат дека е неодговорно докторите да изведуваат кератопигментација на луѓе со здрави очи. Критичарите велат дека придобивките можеби ги надминуваат ризиците кај пациенти со болни рожници, но нема доволно докази за да се каже истото за здрави луѓе.

Tags: боја на очипроменаСАД
Next Post

Николоски: Планираме да направиме отворен систем на патарини како во Србија

НАЈНОВО

СДСМ одреди уште 11 кандидати за градоначалници

August 27, 2025

Петровска на конференција во Копенхаген: ЕУ мора да биде обединета, Украина заслужува мир и слобода

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Задржани четири лица во врска со убиството во Кавадарци, се прибираат траги и докази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk