Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ
И да не се заборави зашто како вчера да беше, Даниела или Данела, сеедно, беше кандидатка за градоначалничка на ВМРО-ДПМНЕ, директен личен избор, ова и според неговите настапи во тогашното предизборие, токму на сега актуелниот премиер Христијан, негов и избор на неговите од партијата ама и на многумина хормонално возбудени уредници на национални телевизии и веб портали, сите хорски и подзасилено предизборно плукаа по тогашниот Шилегов, го уриваа со сите сили и со иста страст ја величаа дамата во избор на ВМРО-ДПМНЕ, сите тие заедно кои сега амнезично се прават на 3.5, го урнаа неговиот и на тогашниот скопски советнички состав проектот за трамвајот на гумени тркала, го испоганија извесниот успех на новиот градски превоз подржан и од ЕУ пари, ги испоганија и ги исполажаа Скопјани да си ја гласаат Данела и, Скопјани наивни, исто како и Македонците потоа наивни со Гордана што ни ја прекрсти земјата во Нашата и сето преку системот на партиските пропагандни лаги па, сега и оттука, што си баравме си добивме или, како што напиша и колегата Дехран Муратов од ЦивилМедиа.мк, сè е онака како што беше ветено па така е и сторено, ветен беше бесплатен превоз и, еве, имаме превоз бесплатен, додуша, дополнето и од авторот на оваа една реченица, не е баш некој превоз ама е бар бесплатен.