ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бочварски: Нула реализација од ветеното на власта, само фиктивни бројки и поголем јавен долг

November 22, 2024 19:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Во буџетот за капитални проекти се предвидени околу 800 милиони евра и тоа се само фиктивни и пренапумпани бројки за во јавност, и не сум сигурен дека оваа влада ќе ги реализира тие проекти, рече Благој Бочварски на гостувањето во емисијата „Дејли клик“ на 21 ТВ.

Тој се осврна и за проектите за општините, за кој владата на големо зборуваше пред изборите, а сега од тоа не гледаме ништо, освен 0 реализација на ветеното.

– Во делот на проектите на општините за оваа година ДПМНЕ ветија дека ќе се реализираат 100 милиони евра, а за наредната година, дополнителни 250 милиони евра, што се огромни суми на средства. И што се случи, еве го месец ноември, а од тие 100 милиони евра во моментов реализацијата е нула, а веројатно така ќе остане. За следната година место ветените 250 милиони евра, сега гледаме дека во буџетот се предвидени околу 100 милиони евра, па прашањето е колку од тие пари ќе се реализираат. Но, од што со гледаме фокусот е ставен на некаква си медиумска активност и инвестиции кои вербално се изнесуваат во јавноста, ама на терен нема ништо од тоа, рече Бочварски.

Тој потенцираше дека сегашната влада само продолжува да ги реализира проектите кои беа започнати во времето на СДСМ, како што се реализирањето на коридорот 8 и 10, потоа на железничката пруга, локалните патишта.

– Владата зборува за бројки кои се преоптимистички и нереални во буџетот, а од друга страна гледаме дека дефицитот е позициониран на 4%, а јавниот долг со кој ја предадовме власта од 55%, сега надминува над 64% до крај на годината, рече Бочварски.

Next Post

Руската рубља денеска го достигна најниското ниво од 24 март 2022 година

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk