Менаџерот на Мачестер сити Пеп Гвардиола, тешко го поднесе шестиот последователен дуел во кој неговиот тим не славеше.
Гвардиола по мечот со Феенорд пред ТВ камерите се појави со расекотина и крв на носот и гребаници на главата.
„Сакам да се повредам“, одговори Пеп.
Pep Guardiola ‘I want to harm myself’ pic.twitter.com/wICatn2jZq
— SleeperFootball (@SleeperFooty) November 26, 2024
Манчестер сити синоќа одигра нерешено 3:3 на домашен терен со Феенорд во натпреварот од 5. коло на Лигата на шампионите.
Во текот на натпреварот „Граѓаните“ имаа водство од 3:0. Ерлинг Халанд беше двоен стрелец (44. и 53. Минута), Илкај Гундоган реализира во 50. минута.
Холандскиот клуб возврати во последните 15 минути од натпреварот – по еден гол постигнаа Анис Хаџ-Муса (75. минута), Сантијаго Хименез (82.) и Давид Ганцко (89.).
Манчестер Сити (8 бода) ја продолжи серијата без победа во сите конкуренции на шест меча и се наоѓа на 15. место на табелата во ЛШ. Феенорд е 20-ти со седум бода.