Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ
Ние не отстапуваме, ги нацртавме црвените линии и немаме намера да ја билатерализираме нашата позиција во евроинтеграциите, рече денеска премиерот на Република Северна Македонија покажувајќи им среден прст на европејците како негова балканска мачо ерекција, пардон, реакција на нивната најнова шлаканици од каде што по стоти пат, еве и денеска, пак му порачаа да заборави на неговото таканаречено одложено уставно дејство со што Мицкоски, со неговото не за ЕУ, засега, и за кратко можеби незабележливо, практично, ја втурна земјава во нова македонска меѓу партиска и воопшто политичка криза кон која води ваквиот негов манир на комуникација со меѓународната, а сето во името на некаква негова шифрирана грижа за гордоста на нацијата, за гордоста на егзистенцијално најбедната нација во регионов, за пошироко ич збор не станува, па, па оттука, неговиот избор во наше име од типот ЕУ или гордост, на крајот, неизбежно, ќе се сведе на нашата македонска автентична судбинска историја која не само што се повторува туку која, еве, како панаѓурски рингишпил уште нè врти во круг, нè врти на кружната патека со старт без цел, патека со почеток без крај, сето некако идентично како од времето на пост транзициска Македонија па наваму па некако, еве уште еднаш, такво е и денешното премиерово гордо не за ЕУ коe, како што впрочем и тој, нели, гордо ја именува, ја турка Нашава во нова филмска состојба како во насловот на оваа една реченица – Мицкоски нè отпиша, ЕУ не нè запишуе или Среќна Нова 2024.