ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Георгиевски: Владата покажува тотална безидејност, Македонија е во тунел без излез на патот кон ЕУ

November 29, 2024 15:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Никогаш не сме биле толку блиску до Европската унија, треба да направиме само еден чекор, којшто според мене е безболен чекор иако го претставуваат како голем удар врз македонскиот народ, а тоа е внесувањето на шесте народи во преамбулата, изјави денеска поранешниот премиер Љубчо Георгиевски на трибината „Размислувања за иднината на Северна Македонија“, во организација на Странка на Демократска акција (СДА) на Македонија.

Во своето излагање, Георгиевски истакна дека потребно е да се промени начинот на менаџирање на историската комисија која преговара со бугарската страна и посочи дека потребен е дипломатски пристап.

– Се прави драма од нешто што навистина ниту ја негира Македонија како држава, ниту го негира македонскиот идентитет, ниту пак нешто драматично ќе се случи со влегувањето на шесте народи во Уставот… Јас се согласувам дека начинот на којшто се менаџира таа историска комисија не е баш успешен и треба да го промени својот дневен ред и начинот на водењето. Меѓутоа, тоа и да стане така, тоа не се прави со јавни навреди, јавни фалења „толку е, готово, црвени линии, кои сме ние“, туку се прави на дипломатски начин и се кажува „ние сметаме дека ова и ова треба да се промени“, рече Георгиевски.

Новата Влада ја менува стратешката ориентација на Македонија, оцени поранешниот премиер, а тоа според него, се гледа со земањето на унгарскиот кредит и големото пријателство со Унгарија и Србија.

– Македонија со новата Влада очигледно ја менува својата стратешка ориентација и според мене тоа не се гледа само според кредитот што е земен и големото пријателство кое се демонстрира, не само со Унгарија, туку и со Србија. Гледаме дека веќе и проектот Отворен Балкан, со отсутството на Еди Рама останува практично само српскиот свет што го знаеме, како контури, рече Георгиевски.

Поранешниот премиер праша што ќе изгуби Македонија доколку за месец дена го реши тој проблем и оди понатаму со разговорите со Европската унија.

– Кога гледаме речник со висока патетика за одбрана на Македонија, за одбрана на македонскиот идентитет, не можеме да не го поставиме прашањето што е тоа што Македонија ќе го изгуби ако конечно го решиме тој проблем за месец дена и одиме понатаму со разговорите со Европската унија. Самиот чин на правење проблем, којшто реално не е проблем според философијата на македонската држава, од Илинденското востание, АСНОМ, па првиот Устав за независност на Македонија, па до ден денеска, каде што сме широко отворени за малцинствата и националностите, за мене навистина е несфатливо. Според мене, оваа Влада демонстрира еден наратив како ретко која досега Влада во Република Македонија, тотална безидејност на она што се нарекува пат кон европската интеграција, нагласи Георгиевски.

Георгиевски истакна дека наместо да бидеме рамноправен партнер на ЕУ, ние сега одбравме Македонија да биде подизведувач на Србија.

Камера и фото: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети

Преземено: Цивил Медиа

Next Post

Во неговиот дом во Велес утрово мртов пронајден 43 годишен маж

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk