ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Вучиќ негира вмешаност на Србија во нападот на каналот Ибар-Лепенец, голема полициска акција во северно Косово

November 30, 2024 14:47
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија недвосмислено негира каква било вмешаност во нападот на каналот Ибар-Лепенец и повика на темелна, непристрасна и транспарентна истрага за овој чин на саботажа, јави дописникот на МИА од Белград.

„Неоснованите обвинувања против Србија, изнесени набрзина и без никакви докази, се длабоко неодговорни и загрижувачки. Ваквите неосновани тврдења имаат за цел да го нарушат угледот на Србија, како и да ги поткопаат напорите за промовирање мир и стабилност во регионот“, наведе Вучиќ на Инстаграм профилот buducnostsrbijeav на англиски јазик.

Како што додаде, кога толку брзо и без основа се изнесуваат обвинувања, се поставуваат легитимни прашања за мотивите на овие изјави.

„Дали оние кои набрзина покажуваат со прст без докази се обидуваат да го одвлечат вниманието од сопственото сознание или потенцијалната вмешаност во инцидентот?“, праша Вучиќ.

Србија решително повикува на темелна, непристрасна и транспарентна истрага за овој чин на саботажа, изјави Вучиќ и ги повика меѓународните партнери да помогнат во откривањето на вистината и да се погрижат одговорните да одговараат.

„Покрај поддршката на истражните напори, Србија е подготвена да обезбеди техничка, финансиска и логистичка помош за ублажување на последиците од овој напад. Нашата понуда вклучува експертиза за санација на каналот, финансиска поддршка за реставрација и дополнително снабдување со електрична енергија на погодените области за да се осигураме дека животите на граѓаните не се загрозени“, напиша

српскиот претседател.

Голема акција на силите на косовската полиција се одвива претпладнево во повеќе куќи во селото Варага кај Зубин Поток, во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

 

Веста во изјава за медиумите ја потврди заменик директорот на полицијата за северниот регион, Ветон Елшани.

– Во тек е полициска рација и засега не можам да кажам ништо повеќе, кратко изјави Елшани.

Засега нема информации дали во акцијата има уапсени лица или е пронајдено оружје.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, премиерот Албин Курти и косовската полиција го оценија како терористички чин синоќешниот напад, по кој останаа без вода неколку градови во Косово, како и електраните Косова А и Косова Б, кои ја кристат водата од каналот за ладење на турбините. Косовските власти за нападот ја обвинија Србија, од каде, според нив, дошле криминалците што го извршиле овој, како и претходните напади оваа недела со рачни бомби врз полициската станица и објектот на општината Звечан.

Српскиот министер за надворешни работи  Марко Ѓуриќ денеска изјави дека Србија најостро го осудува нападот на каналот Ибар-Лепенац кај Зубин Поток и посочи дека тоа што режимот на косовскиот премиерот Албин Курти, побрза да покаже со прст кон Србија без докази потенцијално укажува на вмешаност на режимот на Курти, јави дописникот на МИА од Белград.

Ѓуриќ во објава на мрежата Икс, ги повика релевантните меѓународни власти да спроведат темелна и транспарентна истрага со цел да се идентификуваат и да се повикаат на одговорност одговорните за овој чин.

Ј. Ѓ.

Поврзано: 

Силна експлозија во каналот Ибар-Лепенец во Косово, според косовските власти е терористички чин од Србија

Tags: Вучиќканалот Ибар-ЛепенецКосово
Next Post
Фото: Athensvoice.gr

(ФОТО) Mетрото во Солун е во функција

Shortcut

Најново

Прием по повод отворање на Сараевскиот филмски фестивал (SFF), 14 август 2026 (фото извор: Obala Art Centar)

Блесок и ангажирана уметност: Преглед на 32-то издание на Сараевскиот филмски фестивал

August 18, 2026

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026
Wild Fire - photos by Vecteezy

Огнено лето 2026: Екстремни пожари и климатски промени

August 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk