ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Концерт на Симон Трпчески со македонски уметници во арената „Борис Трајковски“

December 2, 2024 16:28
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Најпознатиот македонски пијанист Симон Трпчески ќе одржи предновогодишен концерт на 20 декември во арената „Борис Трајковски“ заедно со македонски уметници.

Концертот го организира „Прагма продукција“ и ќе има два дела – во првиот е свита од балетот „Оревокршачка“ на Чајковски со четирирачна изведба на пијано, за која на Трпчески ќе му се придружи пијанистот Шкељзен Бафтијари, негов поранешен студент, активен во образовната дејност.  Ќе настапи дел од балетскиот ансамбл на НОБ и балетските првенци Марија Кичевска  и Бобан Ковачевски.

Во вториот дел од програмата, која денеска на прес-конференција ја соопшти Трпчески, ќе биде класичен репертоар и изведба на дела од Моцарт, Лехар, Верди, Штраус…, изведени од, како што рече, „цела палета музичари“, меѓу кои ќе бидат и членови на ансамблот на неговиот проект „Македонисимо“. Ќе бидат изведени и избор од класици во поп музиката, како легендите Дин Мартин, Френк Синатра, Нет Кинг Кол…, до помладите Мараја Кери и Мајкл Бубле.

Нивните нумери, рече Трпчески, ќе бидат слушнати во „поинакво руво“, обработени специјално за овој концерт од композиторот Панде Шахов. Ќе настапат и двајца оперски солисти – сопранот Гонца Богоромова-Краповски и баритонот Иван Наумовски кои, рече, ќе дадат поинаква димензија на овие класици.

– Мило ми е што со овој концерт на поврзување на класиката и на поп композиции, ќе ја добилижиме уште повеќе публиката, а пред се децата… Ова го гледам како еден вид предизвик зашто е прв новогодишен концерт целно направен во Македонија. Имав одамна желба да направам нешто вакво. Она што мене ми импонира е дека на овој концерт македонските музичари ќе имаат можност да се претстават на врвно уметничко ниво, истакна Трпчески на прес-конференцијата.

Ја  поздрави иницијативата на организаторот и рече дека одамна имал желба за ваков концерт на кој, рече, ќе направат нешто убаво за публиката.

Кристијан Стефановски од „Прагма продукција“ соопшти дека одамна имале план и желба за ваков концерт со Трпчески, но поради неговата презафатеност и динамична концертна агенда, не можеле да договорат термин. Како што рече, Трпчески  бргу ја прифатил нивната иницијатива и дека концерт со маестрото со светско реноме ќе биде врв во 15-годишната работа на нивната продукција.

Трпчески настапува во концертни сали и ретко во простор како што е арената „Борис Трајковски“. Последен пат, рече, настапил во арената во Вилнус по успехот на македонската кошаркарска репрезентација.

– Од тој аспект, мислам дека „Прагма продукција“ е прилично искусна и техничкиот аспект ќе биде дополнителна мотивација сето тоа да изгледа како што доликува на нивото – и на нивното, и на моето работење. Не е лесно, меѓутоа ние ќе се потрудиме сето тоа да изгледа како што треба и целата аудиовизуелна перцепција на публиката да биде позитивна, рече Трпчески.

Претставникот на продукцијата рече дека организирањето концерт со ваков концепт и формат во спортска сала е предизвик, но дека имаат опрема и инженери специјалисти за озвучување и за приспособување на салата за ваков вид настани.

-Звукот ќе биде совршен и нема да имате замерки. Во тоа сум сигурен зашто веќе имаме претходно искуство, додаде Стефановски.

Концертот на 20 декември ќе биде организиран во преполната концертна агенда на Трпчески – вчера тој настапи во Солун, денеска веќе патува за концерт во Ливерпул оваа недела, во која ќе има и концерт во Загреб. Овој период има концерти и во Белград и  Будимпешта, а му претстојат турнеи во Германија и Швајцарија. Во четвртокот, Трпчески беше солист и на концертот на Филхармонијата за 80 години од нејзиното постоење.

Tags: Симон Трпчески
Next Post

ДКСК: Пристигната е претставка против актуелната директорка на Агенцијата за разузнавање, препратенa e до Сиљановска Давкова

НАЈНОВО

Рим, Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места

August 19, 2025
фото: Охридско лето

Полска вечер на „Охридско лето“ со уметниците од хармоникашкото „Моушн трио“

August 19, 2025
Фото: илустрација / unsplash

Студија: Светската стапка на самоубиства намалена за речиси 30 отсто од 1990 година

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скирншот, АП

    (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk