ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Кузеска: Режимски тенденции на Мицкоски, се спроведува опасна партизација на институциите

December 3, 2024 12:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Режимските тенденции на Мицкоски и ДПМНЕ покажуваат не можат да функционираат поинаку. Власта спроведува опасна и брутална партизација на институциите, на безбедносните служби, агенциите, режимот дефинитивно се враќа. Додека се бркаат луѓе од работа, се прават партиски чистки се поставуваат партиски луѓе на клучни позиции во безбедносните институции, истакна на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Еклатантен пример, вели Кузеска, е Агенцијата за национална безбедност. Наместо професионалец власта поставува претседател на Градскиот комитет за директор на АНБ, којшто е прашање дали ги исполнува законските услови да биде на оваа позиција, нагласува таа.

„Додека јавноста чека разрешница за лажните сертификати за познавање англиски јазик се отвори и прашањето дали и факултетската диплома на Христовски е соодветна.

Ваквото однесување создава долгосрочни последици за работата на безбедносните служби, правната држава и демократијата во земјата.

И сето ова се случува во време кога безбедносната состојба во земјата се влошува со секојдневни пукања, инциденти и нереди.

Власта спроведува широка стратегија за целосна партизација на институциите.

Советот за граѓански надзор на комуникациите, тело кое треба да спречува злоупотреба на следењето на комуникациите, е пред сериозна опасност да стане параван за нови злоупотреби.  Исто како оние кои ја потресоа Македонија за време на режимот на Груевски со прислжување на 20.000 граѓаните.

Наместо да биде составено од компетентни и непартиски експерти, ВМРО-ДПМНЕ го претвора Советот во инструмент на партиска контрола на комуникации и прислушување.

За претседател на Советот е предложен Илче Димовски – долгогодишен партиски активист на ВМРО-ДПМНЕ.

Илче е Претседател на УМС Битола и секретар на Општинскиот комитет на ДПМНЕ во Битола.

Следен е Стојанче Рибарев, член на Советот за граѓански надзор на комуникациите. Рибарев е добро познат во јавноста како поранешен судија, разрешен поради злоупотреби во правосудниот систем, познат како спаситела на Никола Груевски од притвор во 2017 година. Сега треба да веруваме дека истиот тој Рибарев, ќе ги штити граѓаните од злоупотреби и ќе спречи повторување на скандалозното масовно прислушување од времето на Груевски? Нема шанси.

За член на Советот е предложен и Мирче Стојков, поранешен претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани и актуелен советник во советот од ДПМНЕ.

Тука е и Никола Затуровски – долгогодишен функционер на ВМРО-ДПМНЕ .

Советот за граѓански надзор на комуникациите, замислен како независен механизам за заштита на граѓанските права, сега станува играчка во рацете ВМРО-ДПМНЕ и алатка за нови злоупотрени.

Ова е сериозен удар врз демократијата и ја покажува намерата на ДПМНЕ за повторно заробување на институциите и враќање на земјата во мрачните времиња на режимот.

СДСМ ја повикува целата демократска јавност, сите прогресивни сили, заедно да се противставиме на масовната партизацијата и ударот врз демократијата во земјата“, истакна Кузеска.

Next Post

Митева: Годинава имаме можност да стигнеме до една милијарда евра директни странски инвестиции

Shortcut

Најново

Случај „Мазут“: Може ли да има кривично дело ако нема утврдена штета?

June 6, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

June 6, 2026

„Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

June 5, 2026

Преполна сала и огромни пофалби за премиерата на „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на фестивалот „Трибека“ во Њујорк

June 5, 2026

(ВИДЕО) Архангел ја враќа суровата магија – „Дни оловни“ – песна со возвишен рок сензибилитет

June 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја има третата власт на speed dial

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk