ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Чупеска: ВМРО-ДПМНЕ го окупира безбедносниот систем, гледаме повторно враќање на старите режимски политики

December 6, 2024 13:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ништо што беше ветено во кампањата од ВМРО-ДПМНЕ не е испорачано, а гледаме повторно враќање на старите режимски политики, истакна новата потпртседателка на СДСМ Ана Чупеска, во интервју за телевизија „Клан“.

Чупеска како многу опасна ја оцени отворената тенденција да се окупира, на пример прво безбедносниот систем преку флагрантни повреди, дури и на законот при назначување на пример на шефот на АНБ, второ советот којшто е одговорен за службите исто така е профилиран по принцип на сериозен партиски учинок, наместо да се конципира како независно тело, а во врска со идејата за спојување на службите  не смее да се заборави што значеше конгрегацијата и масивноста на службите, па тие беа така злоупотребени да 26.000 граѓани беа масовно прислушувани, за што имаше многу сериозна политичка, економска и конечно и безбедносна криза.

Прво имаме регионални проблеми, потоа нашето општество спаѓа во ранливите општества од аспект на безбедост проади длабоките разлики е длабоко поделено општество и во нашата ситуација, тој модел што се предлага е неадекватен, од една страна, од друга страна начинот на кој тоа се профилира е многу проблематичен, дури и противзаконски. Се чудам зошто уште ни ДКСК ни ЈО ништо не кажуваат по тој повод, а само излегуваат скандали, рече Чупеска.

Таа нагласи дека тоа е многу важна работа, безбедносниот столб на државата спаѓа во т.н. тврд суверенитет, првата и најглавната линија на одбрана на една држава.

Ако таа е компромитирана значи немаме држава, можеме да влеземе во многу сериозна криза доколку немаме адекватни, салам, кадри таму. Тоа не е играчка, а поготво во контекст кога сме членка на НАТО и во регионален контекст каде што гледаме секојднвено какви предизвици има на релација на Косово и Србија, може да кажеме и Црна Гора, нагласи Чупевска, додавајќи дека втората тенденција или линија да се воспостави режим е фактот наместо да го реформира судството, оваа влада тргна да прави упад во судството.

Без да го почитува уставниот принцип за подлеба на власта, отворено се меша во правосудните работи, таргетира, сатанизира обвинители. Не сакам да повторувам како премиерот се однесуваше кон обвинителките навредувајќи ги како жени  и тоа заврши со оставка со оставка на Дамева, што воопшто не е наивна работа, рече Чупеска.

Потпретседателката Чупеска нагласи дека веќе има удар во безбедносниот сектор, има удар на судскиот систем и има удар на меѓуетничка основа.

Па чекајте малце, што значи тоа, каде одиме ние, нели беше стабилност, нели иднина светла, нели горди ќе бевме. На овој начин ли се прави гордоста? Не разбирам, мислам никој не разбира што прават. Значи мора да се свестат дека не може да делуваат субверзивно и противуставно иако можеби тоа е некоја тенденција што си ја влечат. Едноставно не знаат да функционираат во нормална демократска состојба, истакна потпртседателката на СДСМ Ана Чупеска, во интервју за телевизија „Клан“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Ана ЧупевскаСДСМ
Next Post

Поголеми плати во здравство, потпишан Анекс на Колективниот договор

НАЈНОВО

Фото: Општина Кочани

Денови на кочанскиот ориз 2025 – во симболично издание

October 3, 2025
Фото: Влада

Мицкоски – Мацут: Унапредување на билатералните односи и економската соработка, гасно и коридорско поврзување

October 3, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: СДСМ води црна кампања, со монтажи и спинови, да не дозволиме повторно да бидат власт

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • фото: ФБ профил на Елка Јачева Улчар

    Елка Јачева Улчар: Вистина е дека не е познат авторот на кирилицата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Струмичанката Тина Русева блесна на „The Voice of Germany“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk