Англиската асоцијација на професионални арбитри (PGMOL) го отпушти судијата Дејвид Кут.
Во ноември, 42-годишниот судија беше суспендиран од натпреварите во Премиер лигата поради контроверзното видео каде што во разговор со пријателите, Ливерпул ги нарече глупи, а со вулгарни зборови го навреди и поранешниот тренер на „црвените“ Јирген Клоп.
– По завршувањето на темелната истрага за однесувањето на Дејвид Кут, неговиот работен однос со ПГМОЛ денеска беше прекинат. Утврдено е дека дејствијата на Дејвид Кут се сериозно прекршување на условите од неговиот договор за вработување и неговите зборови се неприфатливи, се вели во соопштението на PGMOL.
Се истакнува дека Кут има право на жалба на оваа одлука.
Поврзано:
(ВИДЕО) Ново скандалозно видео на англискиот судија Дејвид Кут, УЕФА поведе истрага