ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Во текот на денот ќе се обезбедат дозволи за возачите на камиони, ќе се дефинираат и протоколите за непречен транспорт

За да се обезбеди непречено работење на производните капацитети, на средбата се заклучи преку Стопанската комора на Македонија компаниите да доставуваат предлози за укинување на царините за сите неопходни репроматеријали и суровини, по кои Владата на РСМ соодветно ќе постапува.

March 20, 2020 16:09
in ЕКОНОМИЈА, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По покренатото барање од Стопанската комора на Македонија, Владата во текот на денов ќе овозможи товарните возила непречено да ги поминат граничните премини, а потребните дозволи да им бидат издадени на возачите при повторниот влез во земјава. Прифатена е иницијативата на Комората за дефинирање посебни протоколи за овозможување непречено вршење на дејноста на компаниите од специфични сектори. И тие ќе бидат објавени во текот на денешниот ден.

Ова го соопшти вицепремиерката  за економски прашања Мила Царовска на денешната средба со претседателите на здруженијата при Комората.

На состанокот, како што соопшти Комората, компаниите нагласиле дека е неопходно олеснувањето на влез и излез на стоки и репроматеријали за редовно производство на индустриските капацитети. Апелира побрзо да се воспостават коридори и ефикасни протоколи за непречено одвивање на транспортот во целиот регион. Истовремено повикаа во максимален капацитет да се стави железничкиот сообраќај како алтернатива.

Потенцирано беше и дека авионскиот карго превоз е исто така на располагање и компаниите може максимално да го користат.

За да се обезбеди непречено работење на производните капацитети, на средбата се заклучи преку Стопанската комора на Македонија компаниите да доставуваат предлози за укинување на царините за сите неопходни репроматеријали и суровини, по кои Владата на РСМ соодветно ќе постапува.

-Во овој момент никој не може да предвиди колку ќе трае кризата, како ќе влијае на светската економија и како ќе заврши. Затоа е потребно стопанството и Владата да дејствуваат заеднички и на располагање да се стават сите расположливи ресурси, подвлече претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

Вицепремиерката Царовска потенцираше дека во моментот е најважно да се следат препораките од Владата и со заеднички сили да се намалат економските импликации врз стопанството. За таа цел продолжува непрекинатата соработка со Стопанската комора на Македонија, со која се комуницира на дневно ниво.

– Потребно е капацитетите на индустријата да продолжат со работа и да се задржат вработените. Повикуваме компаниите да ги користат економските мерки кои ги презентираше Владата, и најавуваме нови мерки во следните денови. Владата стои на располагање на компаниите и добредојдени се сите предлози и иницијативи од компаниите, за заеднички што полесно да се пребродат тековните предизвици, посочи Царовска.

Во однос на посебните протоколи за овозможување непречено вршење на дејноста на компаниите од специфични сектори појасни дека со нив, со оглед на специфичноста на работењето на некои сектори, ќе се дефинираат посебни протоколи за постапување во случај да се појават заболени од редот на вработените во таквите компании, кај кои, поради специфичноста на дејноста што ја вршат не е можно запирање на производните процеси или чие непрекинато работење е од клучна важност за справување со можното ширење на вирусот (фармацевска дејност, металуршки сектор и прехранбена индустрија, компании кои снабдуваат медицински гасови или снабдуваат храна во здравствените институции, како и компании со над 1.000 вработени).

Стопанствениците информираа дека имаат залихи од потребните суровини и репроматеријали и имаат капацитети да одговорат на зголемената побарувачка на домашниот пазар.

Next Post

Телефонски број на кој може да се пријават непочитувања на мерките

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk