Лидерот на сириските бунтовници Ахмед ал Шарех, попознат како Абу Мохамед ал-Џавлани, денеска изјави дека ниту еден од луѓето вклучени во тортурата и убиствата на затворениците во сириските затвори нема да биде помилуван, пренесоа британските медиуми.
-Ќе ги гониме во Сирија и ќе побараме од земјите каде што (прекршителите) избегале да ни ги предадат за да ја исполниме правдата, рече Ал Џавлани во изјава емитувана на сириската државна телевизија преку каналот Телеграм.