Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ
Дипломатска ЕУ Љубљана и дипломатски ЕУ Берлин, да му удоволат на регионов и на бесполезниот инает на умислената гордост на Мицкоски, напишале или ќе напишеле нон пејпр, сеедно, пусулче дипломатско ама необврзувачко за никого, за бугарската шовинистичка политика па ич, демек еве, отсега па натаму билатерални глупости повеќе да не се пречка за ЕУ интеграции, ама, ама, кажано во една реченица, бугарските политици не се ниту Словенци ниту Германци па нивното ЕУ пусулче без нон пејпр пусулче од софиските човеци, ќе има само употребена вредност толку колку што би имала една употребена салфетка во некое бриселско бистро па, оттука, наспроти сè поригидната анти ЕУ политика на Мицкоски и кликата, Словенија и Германија само џабе си прават селфи на темата ЕУ и Горда Нашата, зашто ни ја вратија, нели, Татковината и сега оттука не мрдаме – каква ЕУ кави бакрачи.