РИБАРО
Откако Владата вчера ја објави Новогодината кошничка, екипата на АХА, дојде до ексклузивни сознанија за пораките што биле во игра за логото на кампањата.
Како што дознаваме, било мошне интересно во кабинетот на премиерот Мицкоски кога се одлучувало за конечниот слоган.
„Помалку мисли, повеќе за нас Си играме мајтап со вас!“
„Помалку за тебе, повеќе за нас – Се мајтапиме!“
„Помалку кревај глас, повеќе ќе си раат – Не грижи се“
„Биди горд, помалку ќе мислиш на гладно – Рајатисај се“
Ова биле само дел од предлог слоганите на Премиерот на Нашата земја, дознава АХА од извори во Владата.
А, бе, луди се, ќе голтнат сè што ќе им сервираме, се шегувал Мицкоски.
Новогодишна кошничка бе, ха-ха-ха….
Прво трговците ги зголемија цените во договор со нас, сега као ќе ги намалуваат цените во корист на граѓаните. Ваква класична манипулација само наша кујна може да подготви, а само наш народ да крка.
Алал да ни е! Ама, тоа е. Ние си знаеме со кого си имаме работа.
Пак ќе повторам, мене фаворит ми е:
„Помалку за тебе, повеќе за нас – Се мајтапиме!“, ама ајде нека ви биде – „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“.
Се Грижиме! – а, бе, ха-ха-ха…
100% Посветени За Тебе!, ха-ха-ха…
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK