ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието по скратена постапка го донесе Законот за здолжување за вториот дел од унгарскиот заем

December 16, 2024 13:53
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието со 68 гласови „за“ и 17 „против“, по скратена постапка го донесе Законот за задолжување на Северна Македонија со заем кај Унгарската експорт – импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели.

– Владата имајќи го позитивното искуство од соработката со Унгарија во однос на поволните финансиски услови при обезбедување на првиот заем за буџетско финансирање и финансирање општи цели, пристапи кон обезбедување на вториот заем во износ од 500 милиони евра. Унгарската Експорт-импорт банка изрази подготвеност за доделување на вториот заем и во преговори со истата усогласен е текстот на договорот за заем кој е даден во прилог на овој педлог-закон, изјави заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски.

Истакна дека условите за заемот се исти како и за првиот заем, истиот ќе се повлече во една транша, рокот за отплата на заемот е 15 години, со вклучен грејс период од три години, со каматна стапка која ефиксна и изнесува 3,25 проценти. На Експорт импорт банка ќе и се плаќа провизија за евентуално неповлечени средства во висина од 0,5 проценти од заемот на годишно ниво.

Овие средства ќе бидат искористени за еврообврзницата која доспева на почетокот на следната година.

По скратена постапка со 68 гласа „за“ и еден против беше донесен и Предлог-законот за гаранција на Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за Програмата за обновлива енергија ЕСМ – Компонента II: ФЕ Битола 2 и Компонента III: Ветерен парк Богданци – фаза 2, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова – КФВ и АД за производство на електрична енергија ЕСМ, во државна сопственост, Скопје, по скратена постапка.

Елми Азири од пратеничката група на Европскиот фронт побара да се тргне од дневен ред Предлог-законот за средно образование, поради, како што кажа, сензитивноста на законот којшто ги погодува сите етнички заедници. Побара за овој Предлог-закон да се одржи јавна расправа во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, но неговиот предлог не беше прифатен.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изрази очекување дека пратениците од ДУИ ќе го поддржат Предлог-законот за средно образование, за кој на комисиска расправа во Собранието искажаа забелешки во однос на интонирањето на државната химна во училиштата и најавија амандмани. Според Јаневска, „крајно неразумно е да се запре законот за средно образование кој не е менуван повеќе од 20 години“.

На барање на пратеници од пратеничката група од Европскиот фронт, седницата ќе продолжи по пауза од еден час.

Tags: СобраниеУнгарски заем
Next Post

„Собраните раскази“ од Франц Кафка првпат на македонски јазик

Shortcut

Најново

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk