ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тошковски ги демантира обвинувањата на СДСМ: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран

December 20, 2024 08:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се огласи на обвинувањата на СДСМ во врска со бегството на Артан Груби, по кој е распишана меѓународна потерница за случајот со Државна лотарија. Тој посочува дека МВР има видео запис за настанот, а на полицискиот службеник му е изречена суспензија.

-Благодарност до госпоѓа Кузевска и СДСМ за тоа што повторно покажаа дека единствено нешто кое што знаат и умеат да го прават е да ја лажат македонската јавност и македонските граѓани. Сите докази коишто се во насока на расветлување на случајот со излезот на лицето кое што сега е недостапно на органите на прогон и треба да се искористат во рамки на оваа постапка се обезбедени од страна на МВР, односно МВР поседува видео запис на којшто јасно се гледа повреда на закон и повреда на стандардни оперативни процедури од страна на полицискиот службеник којшто бил во тој момент во рамки на граничната полиција, наведува Тошковски во видеото објавено на неговата Фејсбук страница.

Додава дека против истиот наредниот ден се преземени сите истражни постапки и врз основа на истите е доставено известување до надлежното јавно обвинителство, а тоа е Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

-Во текот на денешниот ден по консултација со надлежниот јавен обвинител ќе биде изготвена кривична пријава која што ќе биде наредниот ден, односно утре поднесена до надлежното јавно обвинителство, информира Тошковски.

Исто така, додава, од страна на МВР е изречена суспензија во однос на предметното лице и исто така можам да потврдам дека ниту лично го познавам предметното лице, ниту лично сум потпишал или издал било каков акт во однос на неговото назначување за да работи во рамки на граничната полиција во Македонија.

-Жалам што навистина една партија која што себеси се нарекува за државотворна партија повторно ги брани нивните партнери, тоа се ДУИ, нели, и повторно покажува дека не работи во интерес на македонските граѓани, туку работи во лукративен интерес на нивните најблиски соработници коишто патем, еве слободно можам да кажам дека токму лицето кое што е недостапно на органите на прогон на времето, нели, кога беа во љубов изјавуваше дека тие биле едно. Епа дека тие се едно повторно докажуваат и потврдуваат со нивниот начин на однесување. Но, нека не се секираат, МВР ги има соодветните капацитети и покрај тоа што го оставија во фаза на швајцарско сирење и ќе си постапи согласно законите и согласно Уставот и секој еден којшто се огрешил ќе одговара пред лицето на правдата, наведува Тошковски.

За разлика од претходно, потсетува тој, кога крив беше пајакот, сега оној којшто сторил незаконитост има име и презиме и ќе биде изведен пред лицето на правдата.

Претходно СДСМ преку соопштение до медиумите, го повикаа министерот Тошковски да излезе и да ја каже вистината за бегството на Груби, во спротивно, како што посочуваат, тоа ќе го направи СДСМ.

-Тошковски два дена молчи и се крие од јавноста за скандалозните пропусти кои личат на организирано пуштање на Груби. Ова е скандал од огромни размери а информациите кои стигаат до СДСМ секој ден се се позагрижувачки, велат од СДСМ. Oттаму нагласуваат дека доколку Тошковски не излезе во рок од 24 часа да ја каже вистината за случајот, тогаш СДСМ ќе го открие скандалот во целост.

Tags: ГрубиТошковски
Next Post

Началник на естонското разузнавање: НАТО мора да има план за одвраќање на Русија во следните 20 години

Најново

ВОЛК ЗАЛОВЕН ВО СКОПСКА НАСЕЛБА: Бил чуван незаконски со ремче и ланец

May 13, 2026
Анаис, хороскоп, Македонија, Скопје, стара железничка

Дневен хороскоп со Анаис за 13 мај 2026: Врвен моментум и незапирлива акција

May 13, 2026

Филипче: Мицкоски и Муцунски ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање

May 12, 2026

Димитријевиќ: На Мицкоски му одговара да ја држи државата изолирана, за да продолжи да го краде народот

May 12, 2026

Мицкоски на Македонија 2025: Успешно ги менаџираме работите во државата, шест квартали по ред имаме 3,5 проценти реален раст на БДП

May 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk