ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Таравари: За неколку директори правиме евалуација, за тоа како водат, колку стручно и компетентно

December 20, 2024 14:35
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Арбен Таравари попладнево изјави дека за неколку директори се прави евалуација околу тоа како ја водат здравствената установа, колку стручно и компетентно.

-Ги евалуираме повеќето директори, ни требаат повеќе индикатори. Не сакаме емоционално да постапиме. Ни требаат сигурни докази таму каде што гледаме дека директорите не раководат баш како што треба, треба да се заменат со подобри. Меѓутоа сега не би сакал веднаш да кажам. Треба да донесеме коректна и фрагматична одлука, одговори тој на новинарско прашање, по актуелните случувања на Детската клиника и на Клиниката за респираторни болести кај децата – „Козле“.

На прашање за случајот со починатото седуммесечно бебе на Детската клиника и извештајот на ДСЗИ, министерот рече дека се очекува и извештај од стручна комисија. Таравари, исто така, повтори дека специјализанти низ клиниките дежураат одамна.

-Имало три специјалисти таа вечер, меѓутоа причекајте очекуваме и извештај од стручна комисија. Секако дека како Министерство веќе за неколку директори правиме евалуација, за тоа како го водат, колку стручно и колку компетентно и според тоа и ќе одговориме. Меѓутоа не ни требаат емоции во именување, во разрешување. Ни требаат податоци да видиме таму каде што има незадоволство, не функционира како што треба, секако ќе се преземат чекори, одговори тој на новинарски прашања за случајот со починатото седуммесечно бебе.

Директорката на Универзитетската клиника за респираторни болести кај децата – „Козле“, Каролина Симоновска вчера беше на средба со министерот по реакциите во јавноста за проблеми на Клиниката. Таа ја опиша средбата како „доста конструктивна“, а на прашањето дали ќе остане директорка, одговори дека се надева дека ќе остане.

Во врска со тоа дека Скопје утре ќе има прекин во водоснабдувањето, Таравари увери дека Клинички центар комплетно ќе биде покриен.

-Веќе обезбедивме донација од вода. Клинички центар комплетно ќе биде покриен. Ќе се обидеме да се редуцираат нормално интервенциите, меѓутоа тоа што е неопходно, веќе комплетно Клиничкиот центар, а се надевам и другите болници во Скопје, тие што ќе бидат опфатени со редукција на вода, ќе бидат покриени и веќе имаме донација, одговори министерот на новинарско прашање.

По најавата од скопски „Водовод“ за прекин во водоснабдувањето од вечер во поголем дел од градот, од ТОАРИЛУЦ и Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ за МИА информираа дека најитните интервенции утре ќе се реализираат непречено.

Директорката на ТОАРИЛУЦ, Марија Срцева во изјава за МИА рече дека во соработка со Службата за општи и заеднички работи при клиниките, во тек се подготвителни активности за непречено функционирање на клиниката ТОАРИЛУЦ, во однос на состојбата при прекинот на снабдувањето со вода.

Tags: директориТаравари
Next Post

Граѓаните незадоволни од мерката „новогодишна кошничка“ - нема реално намалување на цените

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk