Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте изјави дека острите критики што украинскиот претседател Володимир Зеленски ги упати кон германскиот канцелар Олаф Шолц се „неправедни“, објавија денеска германските медиуми.
Иако Германија е сигурен сојузник на Украина, неподготвеноста на официјален Берлин да и испрати на Украина крстаречки ракети со долг дострел „Таурус“ беше причина за незадоволство во Киев.
-Често му кажував на Зеленски дека треба да престане да го критикува Олаф Шолц, бидејќи мислам дека тоа е неправедно“, рече Руте, додавајќи дека тој, за разлика од Шолц, ќе ја снабдува Украина со крстосувачки ракети „Таурус“ и нема да поставува ограничувања за нивната употреба.