ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Со тотално промашената мерка „новогодишна кошничка“, Владата им направи услуга само на трговците

December 23, 2024 16:13
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ

Во очи новогодишните празници, минималната синдикална кошничка изнесува 62861 денари или 1021,6 евра.

Толку пари му се потребни на едно четиричлено семејство за да го преживее месецот.

Со тотално промашената мерка што се вика новогодишна кошничка, Владата им направи услуга само на трговците, кои имаа време да ги покачат цените, па потоа навидум да ги намалат, иако фактичката состојба говори дека цените се за дваесетина проценти повисоки од пред месец и пол.

За само месец дена, цената на зејтинот рипна на 97 денари, или за 14 денари повеќе од претходно.

За исто толку е покачена и цената на јајцата, кои сега чинат над 100 денари.

Покачени се цените на јогуртот, кашкавалот, па дури и лебот.

Ова се цените на основните прехранбени продукти, за нешто повеќе или „полуксузно“ не ни почнуваме муабет.

На четиричлено семејство во кое двајца возрасни земаат минимална плата, им недостасуваат над 17700 денари, односно над 290 евра, за да можат да си ги покријат најосновните трошоци.

Покачување на платите нема, нема ниту најава дека ќе се случи такво нешто. Напротив, функционерите од владејачката партија во нивните јавни настапи нѐ убедуваат дека покачувањето на минималната плата било лоша работа.

Тоа во пауза, додека си гласаат за порамнување на нивните плати, за да не им ги изеде инфлацијата;

или додека министерката за финансии кажува како ако нејзе не ѝ се покачела платата, немало повеќе да работи во Министерство;

или додека пратеничката Дафина, онаа со становите, им наоѓа соломонско решение на стотиците илјади граѓани – да станеле и тие пратеници за да имале пристојни плати;

или додека Мицкоски лабаво си носи рачен часовник од над 60000 евра…

Да, лесно им е на луѓе со луксузен животен стил, како нивниот, цел живот ранети со златна лажичка, да кажуваат како минималната плата не требало да расте.

Лесно им е и да кажуваат и како недела не требало да биде неработен ден.

Па, кој од нив некогаш работел во недела, во студен конфекциски погон, или на поле, преку време, ама неплатено?

Кој од нив, после десетици часови макотрпна работа, се вратил дома и го чекале домаќински обврски, готвење, перење, чистење, а ако остане малку време – деца гледање?

Кој од нив живеел со менталниот товар на правење постојани пресметки и стратегии како да се отиде до пет различни локации за да се купи најевтината храна, најевтиниот детергент, најевтината облека? Оти за сѐ што е поскапо од најевтиното се нема.

Кој од нив се оптоварувал со седење до доцна во ноќта, за да ги пушти машината за садови и пералната додека е евтина струја?

На никој од нив не може ниту да му текне на овие предизвици кои се секојдневие на секоја работничка со минимална плата, на пример. Или на наставничка во основно.

Трошоците за минимум пристоен живот вртоглаво растат.

ДДВ на храна ниту се укинува, ниту се намалува.

Се заговара зголемување на старосната граница за пензионирање, а уште повеќе и укинување на недела неработен ден.

Додека ги штити интересите на големците, ДПМНЕ го урива достоинството на секој работник. Впрочем, како што ДПМНЕ отсекогаш правеле.

Затоа што приказните за апстрактна гордост најлесно легнуваат на празен стомак и уморна снага.


Текстот е личен став на Авторката.

 

Tags: Кристина Костова
Next Post

Најпознатиот божиќен хит на Мараја Кери е издаден пред точно три десетлетија

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk