ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дежурните екипи од зимската служба на Град Скопје синоќа фрлиле 45 тони индустриска сол на критичните точки во градот

December 25, 2024 11:34
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

Екипи на зимската служба на Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“- Скопје во текот на изминатата ноќ почнале со активностите за чистење снег и фрлање сол на сите булевари и критични точки во градот.

Од ЈП „Улици и патишта“- Скопје денеска соопштија дека е интервенирано со фрлање 45 тони индустриска сол на сите критични црни точки и на поголемите булевари и улици во градот со седум специјални возила на Град Скопје.

– Се чистеа првите снежни наноси на булеварот Александар Македонски, улиците Радишанска, Индира Ганди, Коце Металец, како и Христо Татарчев на последна автобуска постојка број 24, стои во соопштението. Се додава дека координираните активности за зимско оддржување на улиците во надлежност на Град Скопје и ЈП Улици и патишта продолжуваат со целокупната механизација и расположливиот кадровски потенцијал.

Градот Скопје и јавните градски претпријатија за претстојната зимска сезона 2023/2024 обезбедиле околу 3.500 тони индустриска сол, од кои околу 1000 тони се залиха од минатата зимска служба. Обезбедени се и 200 тони ладна асфалтна маса за санација на оштетените сообраќајни површини. Со Програмата се предвидени обемот, динамиката и нивото на одржување на улиците, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на градските сообраќајници во зимски услови.

– Кoловозните ленти при одржувањето во зимски услови ќе се расчистуваат  според приоритети, како што се критичните точки, пристапите до објектите од витално значење за граѓаните и сообраќајниците од посебно значење за функционирање на сообраќајот /стопански објекти/, најавија од ЈП Улици и патишта.

Преостанатите јавни претпријатија се задолжени во рамки на Програмата и своите надлежност да обезбедат механизација и опрема, а имаат изготвено и посебни подпрограми за расчистување на јавни површини во зимски услови.

Кризниот штаб апелира до граѓаните, урбаните заедници, куќните совети и претпријатијата, благовремено да преземаат мерки за отстранување на возилата од коловозите, расчистување на пешачките приоди, приодите до објектите и покривите на објектите. Во спротивно, полицијата и комуналните инспектори, врз основа на Законот за јавна чистота ќе изрекуваат казни. Посебно се апелира до возачите да ја почитуваат законската регулатива за задолжително користење зимски пневматици, со што ќе придонесат во организирањето на оптималната безбедност на сообраќајот во зимски услови.

Потсетување за граѓаните дека за расчистување на сервисните улици надлежни се општините.

Next Post

(ВИДЕО) Филипче: Владата ги понижува работниците

НАЈНОВО

Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

„Лукоил“ најави продажба на своите меѓународни подружници поради санкциите

October 28, 2025

НИС нема одговор зошто се блокирани милион барели казахстанска нафта за Србија

October 28, 2025
ВИ

По земјотресот во Турција со јачина од 6,1 степен, повеќе од 100 последователни потреси

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk