ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Битиќи ја обвини Кочоска – криете трошоци за унагарскиот кредит, министерката вели се е транспарентно

December 26, 2024 16:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања упати прашања до министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска , кое се однесува на унгарскиот кредит, кој беше вонинституционално договорен, изгласан без јавна дебата, и со отворени сомнежи за корозивни намери и коруптивни практики.

„За само шест месеци, Владата на ВМРО-ДПМНЕ успеа да ги доведе граѓаните во состојба на финансиска нестабилност, со кредитот создаде финансиски товар и предизвика длабоки импликации врз економските и институционалните процеси во земјава. И покрај ова, Владата остави многу отворени прашања и недоречености.

Од ветената распределба на првата транша од 250 милиони евра, која требаше да започне овој месец, нема ништо. Средствата не се доделени на стопанството, банките сè уште ги немаат критериумите за пласирање, а граѓаните веќе плаќаат камати за неповлечени средства.

Почитувана министерке, зошто целата сума беше повлечена одеднаш, ако не постои јасен план и институционална подготвеност за нивна реализација?

Јавноста заслужува да знае дали, можеби, поради грешки во договорот за задолжувањето со првите 500 милиони евра моравте да потпише Анекс на договорот затоа што парите, поради пропустот, не можете да ги префрлите кон Развојната банка и општините.  Ако ова не е точно, дали тогаш парите ги немате префрлено на Развојната банка поради неликвидност на буџетот, односно ги ускратувате на стопанството за да ги потрошите за тековни буџетски расходи?

Воедно, се кријат информации за трошоците на кредитот. Годинава, 1 милион евра беа пренаменети за „договорни услуги“, но за што точно се трошат овие средства, дали за банкарски провизии или за консултантски услуги, нема одговори.

Покрај провизијата од 0,5% за неповлечени средства, добиваме и скриени трошоци за правни услуги кои во суштина немаат никаква врска со македонските институции, затоа што ќе се плаќаат не само за „заштита“ на права на банката, туку и за спроведување на нејзини права од договорот за задолжување.

Едноставно е овде прашањето, на кое граѓаните треба да слушнат одговор – Колку плативте на компанијата која ја избра Унгарската компанија и може ли да ни доставите доказ за тоа?

Во меѓувреме, додека упорно се фалите со историски најниска каматна стапка, а знаејќи дека сме имале пристап и до кредити со 1,6% каматна стапка, намената на кредитот ја проширувате, од инвестиции во опрема и фабрики во изградба на трговски центри. Ова проширување на целите ја зголемува конфузијата и остава впечаток на импровизација, наместо на јасен план за поттикнување на продуктивните капацитети на економијата.

Овие средства се претворени во т.н. корозивен капитал – капитал кој ги еродира институционалните капацитети, ги поткопува демократските процеси и ја зголемува ранливоста на државата пред странски интереси.

Корозивниот капитал има својство да создава неформални економски и политички влијанија кои ги заобиколуваат транспарентните и демократски механизми за носење одлуки.

На овој начин, кредитот, наместо да биде инструмент за прогрес, станува алатка за подлабока институционална зависност и несигурност.

Во однос на финансискиот товар кој е создаден,  според пресметките, само за камати на ова задолжување, државата ќе плати 384 милиони евра за првите 500 милиони евра.

Ова значи дека граѓаните ќе платат повеќе по основ на камати, провизии и скриени трошоци отколку што ќе добијат како реална економска корист. Дополнително, јавниот долг се очекува да надмине 70% од БДП.

Ќе сублимирам, прашањето на кое сакам да добија одговор од вас министерке е кои се критериумите за стопанството,  зошто се уште не ги објавувате и кога јавно ќе ги објавите?“, праша Битиќи.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска од собраниска говорница повтори дека во однос на унгарскиот заем се е транспарентно.

-Првиот кредит од 500 милиони евра беше повлечен затоа што дел од тие средства беа наменети точно за развојна банка и на општините. Во однос на кредитот претпоставувам дека тоа најмногу ве боли, зошто не плативме повеќе од еден милион евра на меѓународните институции кои посредуваат при издавање на еврообврзници и сега ви смета затоа што овој кредит 500 милиони евра не чини само 70 илјади евра трошоци кон правниот субјект. Воедно, не е ништо скриено, се е транспарентно и гласано во Парламентот. Транспаретност имате во Министерство за финансии преку алатката ОпенФајнанс, рече министерката за финансии.

Димитриеска Кочоска рече дека не знае за каков анекс зборува Битиќи, бидејќи да имало такво нешто требало да помине во Собрание.

Next Post

Дочекот на Нова година на плоштад „Македонија“ со домашни изведувачи

Shortcut

Најново

NVIDIA (photo: Wikipedia)

Кризата во NVIDIA: Хуанг размислува за враќање, компанијата се соочува со безбедносни прашања

November 16, 2026
Роденденско утро со мирис на еспресо (фото: лична архива)

Вест стара 59 години

November 15, 2026

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk