ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Предложени притворски и други мерки за осомничените за криумчарење луксузни автомобили

December 30, 2024 11:52
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за четири лица, како и предлог за мерки за претпазливост за едно лице осомничени дека учествувале во дејствија криумчарење и фалсификување исправи и службени исправи.

Како што соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, од нив еден не е достапен на органите на прогонот и за него притворската мерка ќе започне да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода.

Дополнително, за едно лице од осомничените во вчерашната акција веќе е распишана меѓународна потерница и по него се трага поради неговата инволвираност во друг сличен предмет со криумчарење луксузни возила кој го водеше Основното јавно обвинителство Скопје.

– Уште четири лица, македонски државјани, исто така се опфатени со постапката, меѓутоа во моментов не се неопходни мерки за нивно обезбедување. Единаесеттиот осомничен, пак, е државјанин на Република Грција и за него, со оглед на претходно воспоставената соработка меѓу Основното јавно обвинителство Скопје и грчките органи, кривичниот прогон ќе биде отстапен на Република Грција, се наведува во соопштението.

Освен овие 11 осомничени, кривичната пријава на Министерството за внатрешни работи опфаќа уште две лица, меѓутоа нивните дејствија се опфатени во постапката што претходно ја водеше ОЈО Скопје, па пријавите за нив ќе бидат отфрлени.

Осомничените текот на 2021 и 2022 година, со лажни документи и преправени броеви на шасија, внесувале во земјава автомобили кои биле предмет на меѓународна потрага, како и автомобили за кои на друг начин ја избегнувале царинската контрола.

Возилата тука ги регистрирале и дел од нив по неколкупати меѓусебно си ги препродавале за да го прикријат криумчарењето, по што ги отуѓувале на крајни корисници.

Меѓу осомничените има и службени лица – вработени во управни служби за регистрација на возилата.

Next Post

И тој и партијата негова сосе партнерите коалициски за оваа 2024 заслужуваат народот да им стегне по една кривична и тоа по една баш онаква – робусна

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Гест што Холивуд не го заборава: Џорџ Клуни им подари по милион долари на своите пријатели

October 26, 2025
Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Приведени две лица за грабежот на накит во Лувр

October 26, 2025

Русија тврди дека има нова нуклеарна крстосувачка ракета со неограничен дострел и може да избегне каков било одбранбен систем

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk