ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Транспаренси Интернешнл-Македонија во борбата против корупцијата ги објави „Бистро–Матно“ случаите за декември

December 31, 2024 09:29
in ДЕНЕС, КОРУПЦИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Транспаренси Интернешнл-Македонија продолжува да ја спроведува редовната месечна активност за следење случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата „Бистро-Матно“. И за декември поголемиот број се „матни“ од „бистри“ случаи.

Во барометарот на корупцијата за декември 2024 година во „матни“ настани се издвоени случаите на Артан Груби, поранешниот вицепремиер и висок функционер на ДУИ и судијата во Апелацискиот суд Енвер Беџети, кои го „спасувале“ Сашо Мијалков од затвор, ставањето од Американскиот Стејт Департмент на „црната листа“ на двајцата кои според соопштението на американското МНР, биле вмешани во „значителна корупција“.

Во „матни“ настани е регистриран и случајот во кој, како што беше објавено од медиумите, не е конфликт на интерес тоа што антикорупционерката Цвета Ристовска, која го водеше случајот за директорот на АНБ чија диплома беше оспорена со преставка, била наставник на факултетот. Таа на седница на Антикорупциска рече дека случајот е чист според известувањето на Просветниот инспекторат.

Конечните ревизорски извештаи на Основниот кривичен суд Скопје, објавени од Државниот завод за ревизија во кои се утврдени системски слабости и осум лица осомничени за злоупотреби при јавна набавка во Дирекцијата за ТИРЗ, се ставени во „матни“ случаи, во барометарот на Транспаренси Интернешнл-Македонија. „

– ЦГК: Податоците од регистарот на вистински сопственици во земјава не се користат за борба против корупцијата – Центарот за граѓански комуникации, Здружението на даночни советници и Активо ја објавија Анализата на користењето на податоците за вистинските сопственици во борбата против корупцијата во Северна Македонија. Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара веднаш да се стопира иницијативата за измена на Законот за јавните набавки по скратена постапка – Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара веднаш да се стопира иницијативата за измена и дополнување на Законот за јавните набавки, поднесен во Собранието по скратена постапка на 5 декември 2024 година, од група пратеници, се дел од барометарот во „матни“ случаи.

Во овој дел се ставени и предложените законски измени со кои се укинува управната контрола на јавните набавки што ја спроведува Бирото за јавни набавки, а, какио што стои во барометарот, претставуваат сериозно уназадување на заштитата од корупција во услови кога според оценките на сите релевантни меѓународни и домашни чинители корупцијата во јавните набавки е широко распространета.

Како еден од „бистрите“ настани е посочен случајот кога Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против С.Н.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 и против 23 други лица од повеќе градови од државата поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање“ по член 261 од Кривичниот законик.

И обвинението за пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Пеце Милевски од Битола, како директор исплаќал дополнително пари за успешност на врабoтени, а „водовод“ работело со загуби, кривичните пријави против двајца поранешни директори на Фондот за иновации, како и кривичните за 12 македонски државјани и 1 странец за криумчарење луксузни возила, фалсификување исправи и злоупотреба на службена положба се во „бистрите“ настани за декември.

– Кривична за полициски службеник поради злоупотреба на службена положба – Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција Скопје, поднесе кривична пријава против Д.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член по член 353 од Кривичниот законик. Пријавениот, полициски службеник, извршувајќи работни задачи како документарист, со пречекорување на службеното овластување, во септември 2023 година изготвил службен акт со невистинита содржина, злоупотребувајќи го потписот на раководителот на Полициската станица Тетово, е настан во „бистрите“ објави денеска Транспаренси Интернешнл-Македонија.

Next Post

СМО: ОН го повикуваат светот да престане да оди по патот на уништување на климата

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk