ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Од овој месец печатените електронски документи ќе се признаваат како оргинални

January 4, 2025 10:35
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Печатените електронски документи ќе имаат иста важност како оргиналниот документ. Ова е овозможено со измените на Законот за електронски документи што ги изгласа Собранието.

– Во Собранието, мнозинството ја изгласа измената на Законот за електронски документи. Јас велам два члена се, многу мала измена, но мислам дека многу ќе значи. А тоа е дека, од сега електронски извадените документи од порталот или било кој друг државен портал, кој што се целосно електронски, ќе можете да ги испечатите и да ги користите исто како оригинален документ. Нема да треба да одите по печат, истакна министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во синоќешното гостување во емисија на телевизија Алфа.

Измените на овој закон, според Андоновски, ќе доведат до олеснување на вадење на документите и наместо да се оди по шалтери, граѓаните ќе ги добијат услугите на своите мобилни уреди.

– За жал, досега кога ќе извадевте некоја услуга од порталот, иако таа е потпишана со QR код и електронски потпис, и истата ќе ја приложевте во некоја институција како документ, ќе ви кажат дека документот не е оригинал туку копија. Со измени на законот, овој испринтан електронски документ ќе има иста важност како да е со обичен син печат, така што ќе може целосно да се користи насекаде, истакна Андоновски.

Најави дека ќе има инспекциски надзор, кој што по пријава од граѓани ќе реагира, доколку некоја институција не им ги прифати нивните испечатени електронски документи.

– Измената на овој закон ни дозволува и инспекциски надзор од страна на Министерството, што значи дека прво превентивно подготвуваме едно упатство, кое што ќе го испратиме до сите институции, да знаат како функционира процесот, да се свесни. Потоа, при пријава на граѓаните, кога ќе забележиме дека тие не го почитуваат законот, во случај да има такви, ќе имаме простор за изрекување и на прекршочни санкции за оние институции кои нема да ги прифатат овие електронски документи, појаснува Андоновски.

Tags: електронски документи
Next Post

(ВИДЕО) Бочварски: Експресниот пат Страцин – Крива Паланка е проект на СДСМ и горди сме што е завршен

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk