Заменик генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска денеска ќе престојува во шведскиот град Селен, каде ќе учествува на Годишната национална конференција на здружението „Народ и одбрана“ насловена „Ковање на иднината: Стратешката визија на НАТО под новото раководство“.
Предвидено е Шекеринска да има обраќање на конференцијата, по што, како што соопшти НАТО, ќе следи размена на мислења со присутните.
Покрај учеството на конференцијата, Шекеринска ќе има средби и со шведски официјални претставници, меѓу кои и со шефицата на дипломатијата Марија Малмер Стенергард и министерот за одбрана Пал Јонсон.
Главни теми на тридневната Конференцијата, што започна вчера, се потребата од надградба на одбраната преку зголемување на воените и цивилните инвестиции, зацврстување на издржливоста, можностите за зголемување на безбедноста на Шведска и потребата од заедничко зајакнување на општеството за да се обезбеди заучување на мирот, слободата и демократијата.
Според организаторите на собирот, во услови на нерешената безбедносно-политички глобална ситуација, кога руската војна против Украина продолжи со несмалена сила и се разгореа нови конфликти на Блискиот Исток и кога демократијата е ставена на тест и се појавуваат нови лидери, треба да продолжи континуираната поддршка на Шведска за Украина со јасна пораката дека Русија не смее да победи во војната.