Третиот ден од пролетта годинава го донесе првиот снег оваа сезона во Скопје.
По вчерашното заладување и ветер, во текот на ноќта почна да вее снег и сѐ уште паѓа.
Температурата за 24 часа се спушти за повеќе од 15 степени.
Дневната температура ќе биде за 10 до 15 степени пониска во однос на вчерашната. Локални врнежи од снег ќе има и во вторник. Во овие два дена најобилни врнежи ќе има во источните делови од земјава, каде се очекува формирање на снежна покривка и над 20 см. Во останатите подрачја можна е помала снежна покривка, главно околу 5 см, освен на планините каде ќе биде поголема. Најмали услови за формирање снежна покривка ќе има долж Повардарието каде ќе биде најветровито.
Од среда попладне следува благо затоплување, па до крај на работната седмица ќе се задржи облачно, но со врнежи од дожд, соопшти УХМР.