ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Коѕијас: И Нова демократија и СИРИЗА, сите се задоволни од Договорот од Преспа

СИРИЗА затоа што гласаше за договор од историско значење. Се разбира, некои би посакале да не го постигнев јас договорот. Не е важно.

October 12, 2019 13:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Сите се задоволни од Договорот од Преспа, вели поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас во интервјуто за грчкиот весник „Та неа“, објаснувајќи дека Нова демократија е задоволна, бидејќи е постигнат најдобар можен договор без да има цена, СИРИЗА затоа што гласаше за договор од историско значење, jави дописничката на МИА од Атина.

– Да бидеме искрени. Сите се задоволни од Договорот од Преспа. Нова демократија затоа што се постигна најдобар можен договор, без таа да има цена. СИРИЗА затоа што гласаше за договор од историско значење. Се разбира, некои би посакале да не го постигнев јас договорот. Не е важно. Сите ние што работевме на договорот ѝ служевме на татковината, ја извршивме нашата должност. Имаше цена? Да! Висока лична цена!, вели Коѕијас, одговарајќи на прашањето во однос на тоа дали Договорот од Преспа е корисен.

Во интервјуто за викенд изданието на грчкиот весник, Коѕијас ја коментира и политиката на актуелната грчка Влада во однос на Договорот од Преспа и вели дека „реализмот што го откри е добар“.

– Но, овде постои една игра: актуелната Влада не е во можност од политички и морални причини, да го следи спроведувањето на договорот. Во пракса не ја интересира, иако е гласна на зборови. Владата на Северна Македонија го сфати тоа и тоа што може не го спроведува. Ова пак ѝ одговара на Нова демократија. Ги осудува прекршувањата што таа ги предизвикува за да може да се повика на нив како изговор за нејзините предизборни преправања, вели поранешниот шеф на грчката дипломатија и додава дека сега „дојдоа оние кои живеат од проблемите“.

Коѕијас во интервјуто особено го истакнува преземањето од грчка страна на контролата на воздушниот простор на Северна Македонија и потенцира дека „доволно е да се размисли каква ќе беше безбедноста на Грција, доколку Турција ја имаше таа контрола“.

Поранешниот министер за надворешни работи на Грција коментира дека Договорот од Преспа не е главната причина за поразот на СИРИЗА на европските, локалните и парламентарните избори, а говори и за несогласувањата со Панос Каменос.

– Нападот од негова страна не одведе никаде, само на суд. Можеби имаше некаква обврска. Не знам. Она што е сигурно е дека коалицискиот партнер во Владата не е се несогласуваше само со името „Северна Македонија“. Посакуваше нејзино распаѓање, дури и инвазија, но и други неверојатно полоши работи, вели Коѕијас за „Та неа“.

Извор: МИА

Next Post

Заев: Ќе се реинвестираат парите од продажбата на плацевите во индустриската зона „Новини“

Shortcut

Најново

Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

November 16, 2026
NVIDIA (photo: Wikipedia)

Кризата во NVIDIA: Хуанг размислува за враќање, компанијата се соочува со безбедносни прашања

November 16, 2026
Роденденско утро со мирис на еспресо (фото: лична архива)

Вест стара 59 години

November 15, 2026

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk