Македонската ракометна репрезентација вечерва во Вараждин ја совлада Гвинеја со 29:20 (полувреме 14:10) во натпревар од 3. коло во групата Д на Светското првенство.
Со овој триумф избраниците на селекторот Кирил Лазаров обезбедија пласман во Главната групна фаза на Мундијалот 2025.
Македонија ја оправда фаворитската улога и заслужено ја запиша првата победа на планетарниот ракометен собир што се игра во Хрватска, Данска и Норвешка и вкупно 22. на светските шампионати.
Најефикасни во победничкиот тим беа Филип Кузмановски со 12 голови, Ненад Костески даде четири, Игор Ѓргиев и Павле Атансијевиќ погодија по три пати.
„Црвено-жолтите“ со три освоени бода ќе бидат втори или трети на табелата.
Во Главната рунда Македонија ќе игра против репрезентациите на Франција, Австрија и Катар.
Според распоредот, следниот натпревар Македонците ќе го играат на 21 јануари исто така во Вараждин, против Австрија или Катар во зависност од резултатот на вечерашниот натпревар меѓу Унгарија и Холандија.