ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Синдикалното здружување – начин за промена на состојбите во текстилната индустирија

Панел дискусија „Синдикално здружување во минатото и иднината“, за унапредување на социјалниот дијалог и правата на работниците во текстилната индустрија

October 12, 2019 13:47
in СОЦИЈАЛА, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на Текстилијада 3, денеска во Штип се одржа панел дискусија „Синдикално здружување во минатото и иднината“ во организација на „Гласен текстилец“. Учесниците говореа за унапредувањето на социјалниот дијалог во подобрување на правата на работниците и истакнување на позитивните примери од регионот, со отворање на прашањата дали ние можеме да земеме пример од Шведскиот синдикат, со кои проблеми се соочуваат работодавачите, дали синдикалното организирање е од заеднички интерес за работниците и работодавачите и што е тоа што треба да промениме за подобрување на состојбите во текстилната индустрија.

На панел дискусијата учествуваа министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, претставници од Ханделс – Синдикат на трговски работници од Шведска, Марјан Ристески претседател на КСОМ, Сања Арсовска, претседателка на СКРМ, Ангел Димитров, претседател на Здружението на работодавачи, Ванчо Цонев работодавач во текстилна фабрика од Делчево и претставник од ССМ. Иако беше поканет на панелот, сепак не се појави претседателот на ССМ,  Дарко Димовски.

„Јас како министерка на самиот почеток се борев со репрезентативните синдикати за во дебатите за Законот и правата на работниците да ги вклучиме и нерепрезентативните синдикати и имав голем отпор. Но, сега конечно го надминавме тоа и сите страни се вклучени во дебатите, ја покачивме минималната плата, а сега дополнително преговараме за покачување на минималната плата и сите засегнати страни сме вклучени во процесот на преговарање, со цел да ја покачиме мини. Плата а да биде економска одржлива“, изјави Царовска во однос на социјалниот дијалог.

„Ја поздравувам министерката која навистина не вклучува во социјалниот дијалог, за разлика од претходно. Но, ние бараме тоа подобро законот да го регулира. Зошто ние до ден денес се соочуваме со отпор од репрезентативните синдикат, како тие да гледаат поголем противник во нас отколку во работодавачите“, истакна Марјан Ристевски од КСОМ.

Шведскиот синдикат „Хенделс“ е трет по големина и познат по нивната меѓународна присутност со цел да помогнат на синдикалното уредување во пошироки рамки.

„Се надеваме дека ќе бидеме од помош. Да работиме заедно и да се организираме е патот за успех. Кога немаме организирани работници тогаш имаме проблем. Сами не можеме да бидеме силни, но заедно можеме. Во Шведска ние се бориме за цврсти колективни договори. Вечерва ќе одржиме работилница за текстилните работници со цел да им кажеме повеќе за нашиот синдикат и да ги потсетиме дека заедно можеме повеќе. Нам ни требаа многу години за да станеме ваков голем и силен синдикат, се надевам дека на вас нема да ви треба толку долго време“, истакнаа претставниците на „Хенделс“.

„Јас имам информација дека одредена компанија користи бенефиции од државата, но тие бенефиции и средства не одат кај работниците. Не се почитуваат работниците ако им ја давате минималната плата, тоа е законска норма, туку работниците треба да се почитуваат навистина и да се третираат како наши сојузници. Ние работодавачите треба да најдеме храброст да ги посочиме оние кои навистина не ги почитуваат правата на работниците. Како што се потребни работни места така се потребни и работници задоволни и среќни“, изјави Цонев.

Насловот на овогодишната  Текстилијада е: “Позитивни примери од регионот – синдикати, организации и институции здружени за подобри работнички права”. Текстилијадата трае три дена и е дел од програмата „Организирани граѓани за организирана иднина“ со поддршка на Олоф Палме Центар и Шведската влада.

Симона М. Живкова

Next Post

Соботка: Блокада на старт за пристапни преговори на С.Македонија и Албанија е штетно за кредибилитетот на ЕУ

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk