Ѓоковиќ го загуби првиот сет со 7:6 (7-5) од Александар Зверев и потоа мораше да се повлече поради повреда. во првото полуфинале на Австралија Опен што се одигра утрово.
„Не сум удрил топче од мечот со Алкараз, до еден час пред овој натпревар… Направив се за да ја санирам повредата – лекови, завој, физиотерапија, донекаде помогна, но до крајот на првиот сет почнав да чувствувам се повеќе и повеќе болка, беше премногу за поднесување. Немав среќа, но се обидов“, изјави Ѓоковиќ.
Во второто полуфинале ќе се сретнат првиот носител и бранител на титулата Јаник Синер и леворакиот Бен Шелтон. Тој дуел започнува во 9.30 часот.