ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Таравари и Клековски: Оваа недела ќе ја има дефицитарната биолошка терапија за онколошките пациенти

January 27, 2025 11:59
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Оваа недела ќе ги има шесте биолошки лекови што недостигаа за пациентите од Клиниката за онкологија, потврди министерот за здравство Арбен Таравари. И директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, соопшти дека дефицитот наскоро ќе биде решен – за дел со донации, а за дел од лековите со анекси на договорите во јавните набавки.

Во изјава за медиумите Таравари рече дека нема недостиг на целата онколошка терапија туку, рече, „90 отсто од лековите што се користат како онколошка терапија ја има во Клиниката за онкологија“.

-Недостасува само биолошка терапија и тоа само шест-седум дена. Се надевам дека оваа недела Клиниката за онкологија ќе биде снабдена со биолошка терапија. Ние досега сме имале дури повеќе отколку минатите години биолошка терапија. Меѓутоа, побарувањата од пациентите се многу поголеми, затоа веќе имаме протоколи и конзилиум од доктори, бидејќи навистина е луксузна и не треба да се даде баш секаде, туку таму каде што е индицирано и таму каде што лекарскиот конзилиум ќе одлучи дека треба да се даде биолошка терапија. Уште еднаш да повторам – лекови има, не дека недостигаат сите лекови, и во текот на оваа недела повторно ќе има биолошка терапија на Онкологија, изјави Таравари пред настан по повод завршување на проектот за имплементација на Стратегијата за здравство 2021-2030“.

Додаде и дека покрај другите клиники и болници каде што ќе биде распределен кадарот за кој има одобрение за вработување, во посебен фокус е Клиниката за онкологија, за која се планира и реорганизација односно децентрализација во третирањето на пациенти со карцином.

-Интензивно работиме „8 Септември“ набрзо да почне да функционира со цел во Клиниката за онкологија да има помалку пациенти. Штип, Тетово и Битола функционираат. Ние во овој период веќе размислуваме и да се реорганизира Клиниката за онкологија, да функционира слично како Токсикологија. Дирекцијата да биде единствена и директорот да може да ги управува сите подединици кои ќе бидат во градовите каде што може да се подели или да се ординира онколошката терапија. Со тоа ја реализираме нашата цел да има децентрализација и во онкологијата, рече Таравари.

И директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски рече дека „се завршуваат и ќе бидат многу брзо решени“ биолошките лекови што деновиве недостигаат.

-Токму сега доаѓам од состанок со директорот на Клиниката. Еден дел ќе бидат решени со донации кои ќе се реализираат во текот на неделата, бидејќи лековите се присутни и ги има на залиха во Македонија, дел ќе бидат со анекси на договорите и тоа го расчистуваме денеска и утре со јавните набавки. Така што, мислам дека критичните лекови ќе бидат многу брзо достапни, истакна Клековски.

Директорот на Фондот кажа и какви промени планираат за да се најде долгорочно решение за дефицитот на лекови за пациентите од Онкологија.

Соопшти дека во  моментот работат на план, кој наскоро ќе го објават, почнувајќи од дијагностиката. Во разговор со Институтот за патологија и ПЕТ-центарот разгледуваат како да се скрати времето на дијагностика за, како што рече,  „сите тие милиони што ги инвестираме во посебно скапа терапија да имаат некаква смисла“.

-Тоа значи доекипирање на патолошки лаборатории надвор од Скопје, зголемување на капацитетот на ПЕТ-скен, забрзување на постапките. Она што ќе го направиме во терапевтскиот дел е зголемување на основниот буџет за речиси 40-50 проценти, тоа треба да биде одобрено оваа недела. И тоа ќе биде значајно отскокнување, некои од критичните лекови ќе бидат зголемени двапати – од три-три и пол илјади вијали на шест-седум илјади вијали годишно, посочи Клековски.

Како што рече, ќе мора да се разгледа и децентрализацијата на терапијата и дел од  таблетарната да биде на позитивна листа за да може да се подига надвор од Онкологија, а ќе бараат начин, рече, како дел од биолошката терапија да се доделува надвор од Клиниката за онкологија.

-Ние имаме онколошки одделенија во „8 Септември“, во Штип, Битола и во Тетово, кои во овој момент не третираат со биолошка терапија. Или ќе третираат или нема потреба да имаме онколошки одделенија што не работат. Мислам дека заедно со подобрување на Регистарот на пациенти, за да се обезбеди една предвидливост на промените, ќе ја стабилизираме ситуацијата, додаде Клековски.

Tags: КлековскиОнкјологијаТаравари
Next Post

Отворено писмо од гимназиски професори: Радикално и категорично ja отфрламе понудената Концепција за гимназиско образование

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk