ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Владата ги одобри 250-те милиони евра од унгарскиот кредит за бизнис секторот

January 28, 2025 15:12
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата денеска ги одобри договорите за користење на средствата од унгарската кредитна линија наменети за компаниите со што практично сега Развојната банка може да ги потпише договорите со банките и средствата да станат оперативни.

Парите ќе се земаат од комерцијалните банки со рок на отплата до 15 години од потпишувањето на договорот и грејс период од три години. Каматната стапка е 1,95 проценти, без дополнителни надоместоци. Максималниот износ за кој може да се аплицира е до 10 милиони евра, а во целиот проект вклучени се сите 13 банки.

Според Владата, ова е најголема сума што му е дадена на располагање на бизнис секторот под супер поволни услови, а крајниот бенефит ќе го имаат компаниите и граѓаните со зголемување на конкурентноста на компаните и отворање на нови работни места.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска на прес-конференција рече дека постапката ќе биде транспарентна и критериумите ќе бидат еднакви за сите.

– Трошоците за одобрување се нула денари. Постапката ќе биде максимално транспаретна и условите ќе бидат еднакви за сите компании. Со денешните одлуки од страна на Владата велегуваме во последната фаза од операционализацијата на средствата од унгарскиот заем наменети за компаниите. Со потпишување на договорите се отвара патот за Развојна банка да ги добие средствата од Буџетот, а понатаму да бидат пренесени во комерцијалните банки и оттаму до компаниите, рече министерката за финансии.

Ризикот за одобрување на средствата, како што посочи, е кај банките кои одлучуваат кој и какви проекти ќе кредитираат.

Приоритет, како што рече Димитриеска-Кочоска, ќе имаат производните компании, но можност да аплицираат ќе имаат сите компании.

– Секако акцент имаат производните компании, но ако ги погледнете анализите на Народната банка, ќе видите дека генерално пласманите што ги прават банките годишно не се нешто многу поголеми од овој износ и затоа ние на крајот се одлучивме да се отвориме кон сите компании во насока на тоа секој да има пристап. Секако производните капацитети ќе имаат приоритет и по информациите што ги имам со едни од најгоемите банки во државата, тие веќе имаат постоечки и одобрени пласмани за кои само чекаат потпишување на соодветната документација, рече Димитриеска-Кочоска.

Премиерот Христијан Мицкоски ветува дека нема да има тргување на влијание што се отвори како сомнеж откако се прошири опфатот на компании кои може да аплциираат за добивање на средствата. Интенцијата за проширување на опфатот, како што посочи, била да се искористат средствата, а одлуката е донесена врз основа на анализите и бројките кои покажуваат дека стопанството годишно може да повлече 250 милиони евра.

– Претпоставувам зборувате за минатото кога на владини седници добиваа концесии за нивни блиски роднини, премиери потпишуваа концесии за добивање енергетски согласности за објекти кои произведуваа електрична енергија од обновливи извори… Претпоставувам зборувате за онаа кампања на сега опозициската СДСМ за хидро Мицко која заврши со судска пресуда во која СДСМ беше обвинета за клевета и пласирање во јавност невистинити информации за што е треба да се извини. Верувајте во оваа Влада додека јас ја водам тргување на влијание нема да има и бидете спокојни, рече Мицкоски.

Средствата од унгарската кредитна линија се дел од заемот што Владата го зема од Унгарија за што договорот беше потпишан на 8 октомври во Будимпешта.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Димитриеска Кочосказаем од УнгаријаМицкоски

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk