ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Младите на ДУИ бараат оставка од вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ

January 29, 2025 11:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Младите на ДУИ бараат итна оставка од вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и јасно дистанцирање на Владата „од антиалбанските и антизападните агенди“.

Како што беше речено денеска на прес-конференција, одликувањето „Војвода Вук“ кое му беше доделено на вицепремиерот Стоилковиќ од Здружението на српските доброволци од војните 1912-1918 година е сериозна навреда за албанскиот народ.

-Го креваме нашиот глас против срамната провокација која ги шокира сите Албанци. Одликувањето „Војвода Вук“ кое му беше доделено на вицепремиерот Стоилковиќ е сериозна навреда за албанскиот народ и отворено исмејување на нашата историја. Ова е отворена поддршка на проектот „српски свет“ и на руската агенда во регионот. Овој човек не е министер за мир или соживот, туку алатка за дестабилизирачки проекти кои сакаат да ги вратат стравот и поделбите на Балканот. Дали е ова лицето на Владата која им вети на граѓаните еднаквост и евроатлантска интеграција? Како може да се молчи кога човек кој треба да го брани Охридскиот договор е награден за глорификација на оние кои го масакрирале албанското население во периодот 1912 – 1918? Но, тоа не беше доволно, официјалните посети и прегратки со Милорад Додик, водачот на проектот за поделба и уништување на регионот, отворено покажуваат за кого работи овој министер и кој ги води државните институции денес, истакна Ветон Садику, потпретседател на огранокот на младите на ДУИ од Гостивар.

Според Садику, „оваа држава не смее и не може да биде тло за глорифицирање на геноцидот, како и за враќање на мрачните проекти кои сакаат да ги поделат народите на регионот“.

-Ние, младите на ДУИ и млади Албанци, бараме веднаш оставка од министерот и јасно дистанцирање на Владата од антиалбанските и антизападните агенди. Ние сме тука да ја заштитиме нашата иднина и правото на достоинство. Нема да дозволиме Албанците да бидат прегазени од оние кои се уште живеат во темното минато, напомена Садику на прес-конференцијата пред Министерството за односи меѓу заедниците. 

Tags: ДУИИван Стоилковиќ
Next Post

ПОВЕЌЕ ОД СКАНДАЛ: Не само Косово туку и Скопје е Србија!

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

May 5, 2026

Мицкоски: Историски најниска невработеност и над 15.000 нови работни места во последната година

May 5, 2026
Илустрација Фронтлајн

Што знаеме за „Проектот Слобода“ на Трамп за Ормускиот Теснец?

May 5, 2026
Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис за 5 мај – Продлабочување во Стрелец

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk