Десетици илјади граѓани протестираа во Скопје, Неготино и Кавадарци барајќи правда за прегазената Фросина Кулакова на булевар „Партизански Одреди“ кај Универзална сала на 29 јануари. Меѓутоа, граѓанските протести и револтот за нефункционалниот систем не им се допаднаа на партиските ботови.
Профил на Х, извесен Ѓорчеец, објави фотографија од една девојка од протестот за Фросина со коментар: Ова лице личи ли дека има жал што згасна еден живот. Па п*****и м***р од прв до последен од таа шарена револуција… Како бе не се најде еден да ги шамара додека фарбаат улиците гниди гнасни.Еден од коментарите на горенаведениот пост на извесен Вигор гласи: Овие ретардираниве сороспии треба да се газат како во Србија, нема веќе спонзорства од мјурика.За жал, меѓу нас има многу „Васиња“ кои без никаков проблем би газеле невини граѓани кои ќе се дрзнаат да бараат правда и функционален систем.
Дехран Муратов / Цивил Медиа