Папата Франциск денеска го осуди убивањето деца во глобалните конфликти, велејќи на самитот во Ватикан дека ништо не е повредно од животот на едно дете.
Папата, кој беше критичен и за насилството во израелската воена офанзива во Газа и за руско-украинската војна, во своите забелешки не прецизираше на кои конфликти мисли.
„Трагично е, видовме речиси секој ден во последно време, деца умираат под бомби…тоа е неприфатливо, посочи тој.
Истакна дека самата војна е злосторство против човештвото.
Ватикан, кој е потресен од скандали за сексуална злоупотреба на деца во земјите ширум светот во последните децении, покани голем број светски лидери на еднодневна конференција денеска на која ќе се разговара за правата на децата.
Меѓу говорниците се јорданската кралица Ранија, италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани и поранешниот индонезиски претседател Мегавати Сукарнопутри.