ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Концерт на Филхармонијата со виолинистот Марк Бучков „Магична виолина“

February 6, 2025 12:18
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Оркестарот на Националната филхармонија вечер со почеток во 20 часот ќе го одржи концертот насловен „Магична виолина“ на кој како солист ќе настапи врвниот белгиски виолинист Марк Бучков, под диригентство на маестро Сашо Татарчевски.

На програмата се: увертира „Оберон“ од К.М. Вебер, Концерт за виолина и оркестар бр. 3 во Ге-дур од В.А.Моцарт и Симфонија бр. 5 „Реформациска“ во Де-дур/де-мол, оп.107 од Ф.Менделсон.

Белгискиот виолинист со руско-украинско потекло, Марк Бучков, критиката го опишува како софистициран музичар со беспрекорна самоувереност, но и како еден од најмултифункционалните и уникатни уметници на новата генерација. Неговата меѓународна кариера е богата и зад себе има настапи со водечки оркестри и диригенти ширум Европа. Неговите оркестарски настапи вклучуваат соработки со Кралскиот Концертгебау оркестар и Марис Јансонс, Минхенскиот филхармониски оркестар, Симфонискиот оркестар во Хамбург, Тонхале оркестарот во Цирих, Националниот оркестар на Белгија, Националниот симфониски оркестар во Торино, Симфонискиот оркестар на Маринскиот театар, Московскиот филхармониски оркестар, Оркестарот „Џузепе Верди“ во Милано, Камерниот оркестар на фестивалот во Вербие итн., работејќи со диригенти како Кристоф Ешенбах, Валери Гергиев, Станислав Кочановски, Михаел Сандерлинг, Андреј Борејко, Дмитри Лис, Кристијан Арминг, Максим Венгеров, Џејмс Џад…

Марк Бучков е редовен и во рециталните настапи настапувајќи во најпрестижните концертни сали во светот, како што се Вигмор хол, Карнеги хол, Концертгебау, Елбфилхармонија, Тонхале во Цирих, Концертхаус… Како истакнат камерен музичар, редовно учествува на фестивалот Вербие во Швајцарија. Во последните две сезони, Бучков оствари значајни настапи со Минхенската филхармонија, Бриселската филхармонија, Оркестарот на Хесенскиот радиодифузен сервис и Оркестарот на фестивалот во Вербие. Во 2021 година, беше поканет да настапи во Концертгебау во Амстердам со Холандскиот филхармониски оркестар, под диригентската палка на Лудовик Морло, за потоа да биде поканет како резидент-уметник на оркестарот за сезоната 2022/2023.

Првиот албум на Марк Бучков е издаден за „Хармонија Мунди“ и вклучува две негови композиции, а доби признанија како „Diapason d’Or“ и „Diapason Découverte“, но и извонредни критики од списанието „Грамофон“. Инаку, Марк Бучков потекнува од семејство на виолинисти. Првите часови по виолина ги добил на петгодишна возраст од својот дедо. Во класата на Михаела Мартин, го развил својот талент како млад солист на постдипломски студии на Академијата „Кронберг“, а од 2018 година бил под менторство на Едвард Вулфсон. Моментно е професор на Кралскиот конзерваториум во Лиеж (Белгија) и на Меѓународната музичка академија во Лихтенштајн. Свири на виолина од Карло и Микеланџело Бергонзи од 1742/44 година, којашто му е приватно позајмена од „Edwulstrad RMIC Ltd“.

Сашо Татарчевски е роден во Битола каде што завршува основно и средно музичко образование. Дипломира и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на катедрите за хорско и за оркестарско диригирање, а посетува и мајсторски курсеви во Њујорк, Рим, Москва, Берлин, Фиренца, Санкт Петербург и Сартеано. Настапувал со различни ансамбли вклучувајќи ги Македонската филхармонија, Оркестарот на Македонската опера и балет, Симфонискиот оркестар на ИКО – Рим, Симфонискиот оркестар на Ермитаж од Санкт Петербург, Битолскиот камерен оркестар, Битолската опера, Симфонискиот оркестар на Битолско културно лето, Солисти на ФМУ, Симфонискиот оркестар на ФМУ, ансамблите за современа музика „Алеа“ и „КонТемпора“, Мандолинскиот оркестар при МКЦ и други камерни и симфониски состави.

Во моментов работи како професор на ФМУ по група предмети од областа на диригирањето и е диригент на Симфонискиот оркестар и мешаниот хор „Драган Шуплевски“, како и уметнички раководител на Женскиот младински хор при МКЦ и на професионалниот мешан хор „Про Арс“. Освен на сцените низ Македонија, вклучувајќи ги и најреномираните манифестации како Охридско лето, Скопско лето, Денови на македонска музика, Есенски музички свечености и многу други, има настапувано и освоено награди со различни ансамбли во Португалија, Словенија, Шкотска, Белгија, Грција, Швајцарија, Шпанија, Хрватска, Италија, Србија, Бугарија, Чешка, Турција, Австрија, Романија, Полска и Русија. Татарчевски е редовен член на неколку жирија на интернационални хорски натпревари, како и раководител на Меѓународниот хорски форум во Струга, наведуваат од Филхармонијата.

Tags: виолинистМарк БучковФилхармонија
Next Post

Австралија го усвои законот за злосторство од омраза, задолжителни казни за нацистички поздрави

Најново

Зисовска Апостолска: Нема врвен резултат доколку спортот не е безбеден за сите негови учесници

April 30, 2026

Македонските ученици од СТЕМ Академија освоија пет награди на меѓународниот натпревар по роботика во Атина

April 30, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Скопје Даут Пашин амам

Дневен хороскоп со Анаис (30 април): Продлабочување на хармонијата и префинетоста

April 30, 2026

СДСМ: Со укинувањето на техничката влада, државата капитулираше пред криминалот

April 29, 2026

Собранието изгласа укинување на техничката влада 

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk