ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Доделени 15 електрични колички за лица со попреченост

February 7, 2025 15:45
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Во скопската Стара чаршија попладнево беа доделени 15 електрични колички на оние кои имаат потреба од нив, од страна на Здружението на лица со посебни потреби „СОС Вита“. Како што беше појаснето на настанот, станува збор за донација од хумани луѓе.

Претседателот на здружението, Ертан Шаќири рече дека изминатите пет и пол години откако постои „СОС Вита“, биле доделени 170 електрични колички на лица на кои им се потребни.

– Посакувам луѓето со посебни потреби да не се гледаат со други очи, туку, еднакво, како сите останати. Да има пристап до институции за лицата со попреченост, рече меѓу другото Шаќири.

Тој додаде дека ваквите хуманитарни настани со што им се олеснува животот на луѓето со попреченост, ќе продолжат и во иднина.

– Триесет и една година сум во количка и добро знам каков е животот на едно лице со попреченост, додаде Шаќири.

Пратеникот и поранешен министер за здравство Беким Сали во изјава за медиуми рече дека одговорноста на политичарите не е само економскиот развој и интегрирањето во Европската Унија. Тој рече дека е присутен на настанот за да даде порака дека и овие лица се дел од општеството. За жал, додаде Сали, забораваме дека и ние можеме да бидеме на нивно место.

– Одговорноста на политичарите не е само економскиот развој или интегрирањето во Европската Унија и така натаму, што ни станаа главна агенда на сите вести, сите случувања. Ваквите покани на невладините организации се дел од подигнувањето на свеста кај политичарите, дециден беше Сали.

Тој додаде дека институциите мора да бидат повеќе фокусирани на овозможување подобри услови за лицата со попреченост.

– Институциите не смеат да ги остават овие групи занемарени, нагласи Сали.

Next Post

МВР: Завршени сите контроли, во сите случаи пријавите се лажни

НАЈНОВО

Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот

Кос: За напредок во проширувањето потребна е трајна трансформација на економиите и општествата на земјите кандидатки за членство

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk