ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Белата куќа го разреши генералниот инспектор на УСАИД

February 12, 2025 09:20
in ДЕНЕС, СВЕТ

Белата куќа го разреши генералниот инспектор на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) Пол Мартин. Генералните инспектори вршат надзорни функции и имаат задача да спречат измама и злоупотреба во владините служби.  Maртин беше назанчен на функцијата во 2023 година. Отказот го добил по е-пошта, јавија американските медиуми.

Канцеларијата на Мартин во понеделникот објави извештај во кој предупредува дека поради замрзнувањето на финансирањето на УСАИД, надзорот над хуманитарната помош сега е „во голема мера нефункционален“. Во текстот се наведува дека има непотрошени средства во износ од 8,2 милијарди долари и дека надзорниот орган има потешкотии да се погрижи тие пари да не паднат во рацете на екстремистичките групи или дел од нив да не бидат пренасочени во различни конфликтни зони.

Во САД синоќа беше поднесена нова тужба против брзото распуштање на агенцијата. Според тужителите, дејствијата на владата ги чинат американските бизниси стотици милиони долари. Ненадејното замрзнување на странската помош, исто така, бара големи отпуштања на американски добавувачи и изведувачи. Компанијата Chemonics International со седиште во Вашингтон отпуштила 750 вработени, се вели во тужбата.

Тужбата беше поднесена во Окружниот суд на САД во Вашингтон против претседателот Доналд Трамп, државниот секретар Марко Рубио и вршителот на должност заменик администратор на Агенцијата за меѓународен развој на САД, Питер Мароко, кој беше назначен од Трамп.

Tags: Бела КуќаУСАИД
Next Post

Декларацијата на самитот за вештачката интелигенција во Париз без потписи од САД и Велика Британија

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk