Во рускиот ракетен напад во раните утрински часови на 12 февруари во областа Оболонски во Кијив, едно лице загина, а четири други беа повредени, меѓу кои и едно дете, пренесува Укринформ според Државната служба за вонредни состојби.
Спасувачите го изгаснаа пожарот во делумно уништената деловна зграда. Според кијивската полиција, остатоци паднале во областите Холосиивски, Свијатошински и Оболонски во главниот град.
На местото работат полициски службеници, заедно со вработени во Државната служба за вонредни состојби и други служби, кои ги документираат последиците од рускиот воен терор.
Руските агресори ја нападнаа Украина со беспилотни летала и балистички ракети ноќта на 12 февруари. Експлозии се слушнаа во сервалските региони и во Кијив. Во раните утрински часови на 12 февруари, во главниот град и неколку региони беше објавена воздушна тревога поради закана од руски ракетен напад.
Д. Мишев / Цивил Медиа