ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против директорот и неколку службени лица во РЕК Битола-Новаци и против три лица од Бирото за јавни набавки

February 13, 2025 12:31
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Управата за финансиска полиција до основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против П.М во својство на директор на АД ЕСМ, во државна сопственост Скопје-Подружница РЕК Битола-Новаци, Д.П во својство на службено лице во АД ЕСМ- подружница РЕК Битола, Б.Ѓ. во својство на службено лице во АД ЕСМ- подружница РЕК-Битола, Т.А во својство на службено лице во АД ЕСМ -подружница РЕК Битола, С.М. во својство на службено лице во АД ЕСМ- подружница РЕК Битола, А.К. во својство на службено лице во АД ЕСМ- подружница РЕК Битола, Љ.С. во својство на службено лице во АД ЕСМ -подружница РЕК Битола, поради основано сомнение дека го сториле кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 став 1 од КЗ.

Кривична пријава е поднесена и против А.М.С во својство на службено лице во Бирото за јавни набавки, А.У во својство на службено лице во Бирото за јавни набавки и Д.Ј. во својство на службено лице во Бирото за јавни набавки поради основано сомнение дека го сториле кривичното дело несовесно работење во службата по член 353-в став 4 од КЗ.

Од Финансиската полиција денеска соопштија дека првопријавениот П. М. во постапката за јавна набавка бр.11935/2022 за ископ на инвестициска откривка во Брод Гнеотино, ја искористил службената положба и овластувања како директор на РЕК Битола, на начин што на ден 19.08.2022 година, донел Одлука за избор на најповолна понуда, со која Одлука противправно ја отфрлил понудата на Гранит АД Скопје иако понудувачот Гранит АД Скопје бил најефтин и доставил прифатлива понуда согласно член 2 став 11 од Законот за јавни набавки и спротивно на член 112 став 1 од ЗЈН противправно за најповолна понуда ја избрал поскапата понуда на РУД-КОП ДООЕЛ Битола и на ден 03.10.2022 година склучил Договор и рамковна спогодба за ископ на инвестициска откривка во Рудник Брод Гнеотино и Анекс 1 кон Основниот Договор од 21.09.2023 година на износ од 849.600.000 денари.

– Второпријавениот Д. П, третопријавениот Б. Ѓ. и четвртопријавениот Т. А, во својство на членови на стручна комисија за спроведување на отворена постапка за јавна набавка објавена со Оглас бр/11935/2022 од РЕК Битола, ја искористиле службената положба и овластување како членови на стручната комисија задолжена за евалуација на техничката и професионалната способност на пристигнатите понуди, на начин што пријавените при евалуација на пристигнатите понуди, противправно дoнеле мислење и предлог до Комисијата за јавни набавки за отфрлање на понудата на Гранит АД Скопје, иако понудувачот Гранит АД Скопје бил најефтин и доставил прифатлива понуда согласно член 2 став 11 од Законот за јавни набавки, на кој начин пријавените ја ограничиле конкуренцијата и овозможиле првопријавениот П. М, во својство на директор на РЕК Битола да донесе Одлука за избор спротивно на член 112 став 1 од ЗЈН и да склучи договор за јавна набавка – рамковна спогодба за ископ на инвестициска откривка Рудник Брод Гнеотино со поскапиот понудувач РУД КОП ДООЕЛ Битола, се додава во соопштението.

Петтопријавената С. М, во својство на претседател на комисијата за јавна набавка, шестопријавената А. К. и седмопријавениот Љ. С, во својство на членови на комисијата за спроведување на отворена постапка за јавна набавка објавена со Оглас бр/11935/2022 од РЕК Битола, ја искористиле службената положба и овластување како членови на комисијата за јавни набавки, на начин што пријавените во Извештајот од спроведена постапка за ЈН бр.11935/2022 противправно ја оцениле како неприфатлива понудата на Гранит АД Скопје, иако понудувачот Гранит АД Скопје бил најефтин и доставил прифатлива понуда согласно член 2 став 11 од Законот за јавни набавки, на кој начин пријавените ја ограничиле конкуренцијата и овозможиле првопријавениот П. М., во својство на директор на РЕК Битола да донесе Одлука за избор спротивно на член 112 став 1 од ЗЈН и да склучи договор за јавна набавка – рамковна спогодба за ископ на инвестициска откривка Рудник Брод Гнеотино со поскапиот понудувач РУД КОП ДООЕЛ Битола.

Во соопштението се појаснува дека осмопријавената А. М. С во својство на раководител на одделението за управна контрола при БЈН, деветопријавената А. У во својство на виш соработник за управна контрола во одделение за управна контрола при БЈН и десетопријавената Д. Ј. во својство на помлад соработник за контрола на постапката за јавна набавка во одделението за управна контрола при БЈН, со пропуштање на должен надзор несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности при вршење на управна контрола на постапка за јавна набавка бр.11935/2022 спроведена од РЕК Битола за што е изготвен Записник од извршена управна контрола бр.17-1316/3 од 06.09.2022 година, со кој Записник наместо да му наложат на договорниот орган да изврши повторна евалуација на понудите согласно член 177 став од ЗЈН, со записникот, на договорниот орган противправно му дале инструкции да продолжи со постапката за јавна набавка, на кој начин го одобриле образложението на Комисијата за јавни набавки и стручната комисија при РЕК Битола за отфрлање на понудата на Гранит АД Скопје, иако понудувачот Гранит АД Скопје бил најефтин понудувач и доставил прифатлива понуда согласно член 2 став 11 од Законот за јавни набавки, со што пријавените противправно ја ограничиле конкуренцијата и овозможиле првопријавениот П. М. , во својство на директор на РЕК Битола да склучи договор за јавна набавка – рамковна спогодба за ископ на инвестициска откривка Рудник Брод Гнеотино со поскапиот понудувач РУД КОП ДООЕЛ Битола.

Со реализација на Договорот за ископ на инвестициска откривка во Рудник Брод Гнеотино, соопштија од Управтаа за финансиска полиција, пријавените овозможиле правното лице РУД-КОП ДООЕЛ Битола да оствари противправна имотна корист, со што на Буџетот на РСМ направена е штета во висина од 178.370.320 денари.

Next Post

Касами го поддржува предлогот за замена на државниот грб

НАЈНОВО

Белата куќа отвори официјален ТикТок профил во пресрет на можната забрана

August 20, 2025

Студија: Отпорноста на антибиотици предизвикува десетици илјади смртни случаи во Германија

August 20, 2025
Генерирано со ВИ

Маск се откажува од плановите за нова политичка партија

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk