ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Касами го поддржува предлогот за замена на државниот грб

February 13, 2025 12:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 Градоначалникот на Тетово и претседател на партијата Движење Беса, Биљал Касами денеска истакна дека поддржува секакви промени на Уставот, со кои ќе се менуваат државните симболи поврзани со минатиот општествено-политички систем.

Според него, се поддржуваат промени на Уставот, со кои би се рефлектирала сегашната реалност на државата.

– Јас впрочем во еден претходен мој јавен настап сум кажал дека и една од целите за именување на улиците во градот Тетово беше тоа што уште стои наследството од минатиот систем, што е и образложението на премиерот во делот на менување на грбот на државата. Ние сме подготвени да разговараме за еден пакет на уставни измени, каде што наместо наследството од претходниот систем ќе рефлектира сегашното ориентирање на државата кон Европската Унија. Ние сме подготвени да разговараме сигурно дека тоа ќе биде и јавен транспарентен процес, изјави Биљал Касами.

Во објавениот повик за давање предлози за нови имиња на улиците во Тетово нема предвидено можност да се истакне кои називи да не се менуваат, забележаа новинарите, а Касами рече дека таква прилика ќе има.

По завршување на овој јавен повик ќе има јавна дебата, најави тој, каде што граѓаните ќе можат да дојдат и да ги дадат своите предлози за постојните имиња и за нови имиња.

-Во електронска форма, односно во писмена форма, нема многу можности за образложение. Ако сакаат некои од граѓаните подетално да ги образложат своите предлози, ќе имаат можност во процедурата на јавната дебата која ќе биде после јавниот повик да ги образложат. Сигурно ова ќе биде и можност за граѓаните кои ќе имаат предлог на некои од имињата на улиците да останат и сигурно комисијата ќе ги земат в предвид и тие предлози, рече Касами.

Градоначалникот на Тетово денес беше на настан за промоција на спортска опрема во едно средните училишта.

Tags: државниот грбКасамипредлог
Next Post

Светски ден на радиото: Втор век услуга како еден од најсигурните и најшироко користени форми на медиуми во светот

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk